6.8 C
Скопје
07:41 - 1 април, 2026

Наставник на учениците им дал тест во чест на Коби Брајант

Трагичната смрт на Коби Брајант минатиот месец го шокира целиот свет, а еден наставник во Шпанија на свој начин му оддаде почит на легендарниот кошаркар.
Наставникот Николас Мегиас им даде тест на своите ученици и го нарече „24“ во чест на Коби Брајант.

„Ова е тест кој Николас Мегиас им го даде на своите ученици во основното училиште Салесианос во Гранада. Што мислите вие?“, напиша на својот Твитер профил, новинарот кој притоа ги приложи и прашањата.

– Во последниот натпревар Коби Брајант постигна шест тројки, 10 слободни фрлања и 16 шута за два поени. Колку поени постигна на тој натпревар?, е првото прашање.

– Во НБА кариерата Коби постигна 33.643 поени за 20 сезони. Доколку секоја сезона постигнуваше ист број на поени, колку поени би постигнувал секоја сезона?, е второто прашање.

– Коби една сезона просечно постигнуваше по 27 поени на 73 натпревари во регуларната сезона и 29 поени на 23 натпревари во плејофот. Колку поени постигна таа сезона?

– Во 20 години колку што беше во НБА, Коби и неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс одиграа вкупно 1.592 натпревари, загубија 649. На колку натпревари победија во тие 20 години? Колку одиграни натпревари им недостасуваа за да остварат 1.000 победи?, е четвртото прашање на тестот.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....