07:56 - 12 март, 2026

Наши миленици: УНА

Имаше само неколку месеци кога е најдена премрзната, но весела, на улица во Кавадарци во декември 2017 година. Беше вдомена во Битола, но по кратко време пристигна во Скопје, во домот на активистка за заштита на животни.

Тогаш си доби и име, Уна, затоа што е уникатна по шарката на крзното и по карактерот. Ги има најубавите очи, најдолгите трепки, најмекото крзно и највеселото однесување. Таа е уникатен мелез од пудлица, териерче и ласа апсо и има уникатна шарка на крзното, со сите можни нијанси на сиво.

За кратко, сите ја запознаа Уна во маалото, беше најбрзото куче во паркот, без дискриминација си играше со сите кучиња, молеше за галење кај непознати луѓе, скокаше од радост кога некој ќе и обрне внимание.

Иако животот ѝ почна со сите опасности на улицата, таа денес е среќно вдомена во Скопје и живее како сакан член на семејството.

 

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....