14:12 - 3 април, 2026

Народни верувања за Свети Трифун: Ако денеска врне, годината ќе биде плодна

Денес се празнува Свети Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.

Се верува дека Свети Трифун на својот празник става парче изгорено дрво на кое уште има жар и од тој ден снегот почнува да се топи.

Според некои верувања, на овој ден почнува пролетта, природата почнува да се буди, како и љубовта кај луѓето.

Во народот за Свети Трифун се поврзани многу различни обичаи и верувања. Ако на овој ден врне дожд, ќе родат овошките. Ако падне снег, годината ќе биде дождлива и родна, а ако е ведро, ќе биде сушна.

Според народните верувања денот после свети Трифун, 15 февруари, се нарекува „среќавање“ – ден кога се сретнуваат зимата и пролатта, кога мечката накратко се буди за да види дали се приближуваат поубави денови и потоа, ако оцени дека зимата ќе потрае, се враќа во пештерата и го продолжуива зимскиот сон.

На овој ден лозарите излегуваат во лозјата да ги зарежат лозите и да ги полеат со вино. Се верува дека така грозјето добро ќе роди.

Според верувањата Свети Трифун е чувар на билките и ги штити од разни штетници.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....