11:14 - 31 март, 2026

Најмладиот член на Менса има 3 години и IQ 142! (ФОТО)

За да пристапите во Менса, треба да имате IQ во горните 2% од популацијата, а малиот Британец има IQ 142. Резултат од 145 и повеќе имаат генијалци или скоро генијалци.

Махамад Хариз Хадзим (3) веќе течно чита, пишува, решава математички задачи и може да ви ги објасни научните принципи позади формирањето на дожд, пишува New York Times.

Минатата недела го повикале да се придружи на Менса и малиот Надзим моментално е најмладиот член на таа организација во светот. Најмладиот член општо некогаш имал 2 години и 4 месеци.

Малечкиот Мухамад својата покана ја добил откако детскиот психолог го тестирал со тестот за интелегенција Stanford-Binet.

„Му честитам на мојот многу, многу паметен син. Мојот минијатурен паметниковец уште во својата рана доба е повикан да биде член на Менса“, напишала мајката на Мухамад, Нур Анира Асјикин на Инстаграм.

View this post on Instagram

The Gruffalo ?

A post shared by LITTLE HARYZ (@haryznadzim) on

Својот син го опишала како типично 3-годишно момче кое сака да си игра со глина и лего-коцки, а направила и профил на Инстаграм кој е посветен на него. Таму може да се види како малиот чита, пее песни, прераскажува приказни и изведува едноставни пресметки.

„Високото IQ е како кутија со алат, дава на децата опрема за подобро да учат, но тие секако треба да вложат труд и вежбање за да станат стручњаци во нешто“, рекла портпаролката на Менса, Ан Кларксон и додала дека тоа што го прави Мухамад единствен е неговата способност за процесирање на информациите и вештината на многу брзо учење.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....