2.8 C
Скопје
23:48 - 11 март, 2026

Најдебелото дете на светот со 192 килограми: Арја Перман загуби 108 килограми, а еве како изгледа сега (ВИДЕО)

Арја Перман (14) се хранел само со нездрава храна, се капел во мал базен во својот двор, а дури не одел ниту на училиште, бидејќи движењето претставувало сериозен предизвик за него, а таквиот начин на живот доведе до тоа да има 192 килограми, поради што ја доби титулата за најдебело дете на светот.

– Тој за еден оброк јаде како за две лица. Секогаш е уморен и се жали на потшкотии при дишењето. Само јаде и спие или поминува време во базенот – рекла неговата мајка во една прилика за медиумите.

Фото: Профимедиа

Еден доктор му дал строга диета која се базира на овошје и зеленчук, а притоа Арја морал секојдневно да шета, тренира, плива, па по четири месеци загубил девет килограми.

Неговите родители биле многу загрижени за здравјето на својот син, па во разговор со докторите одлучиле да го испратат на операција која ќе му го спаси животот.

Арја е опериран пред две години, а во моментот на интервенцијата имал 186 килограми, додека еден месец по операцијата тежел 169 килограми.

Фото: Принтскрин

Неговата мајка вели дека Арја и натаму е гладен, но дека по операцијата неговиот организам веќе не е подготвен да прими толку голема количина на храна.

Од операцијата до денеска Арја Перман успеал да ослаби 108 килограми, а го очекува операција за затегнување на кожата која буквално виси од неговото тело, како последица на наглото слабеење.

 

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....