6.8 C
Скопје
09:48 - 1 април, 2026

На Антарктикот снегот има крваво црвена боја, а беше измерена и највисоката температура досега! (ФОТО)

Украинската поларна станица на Антарктикот се најде во морничаво опкружување, откако околниот снег поприми крваво црвена боја, но научниците не се зачудени.

Фотографиите од истражувачката станица „Вернадски“ беа објавени на Фејсбук од страна на украинското Министерство за образование и наука, наведувајќи дека снегот е таков последните две недели.

Profimedia

Министерството исто така истакна дека нема причина за грижа поради климатските промени и глобалното затоплување, бидејќи снегот ја променил бојата поради морските треви со слој на црвен каротен, познати под името Chlamydomonas Nivalis.

Оваа трева за време на зимата е закопана длабоко под снегот, но штом се стопли таа избива на површината да се размножува, а на Антарктикот моментално е лето.

Profimedia

Меѓутоа, црвениот снег не е појава која се поврзува само со Јужниот пол. Исто така се јавува на Арктикот, Алпите и други планински региони, а сведоци на овој феномен велат дека мириса на лубеница.

Неодамна е измерена највисоката температура некогаш!

Profimedia

На Антарктикот во почетокот на февруари беше забележана температура поголема од 20 степени Целзиусови.

Profimedia

На островот Сејмор на 9 февруари беа регистрирани 20,75 степени, а уште еден рекорд беше забележан два дена претходно, кога аргентинската истражувачка станица на Есперанца измери 18,3 степени, што е најголемата температура забележана на Антарктикот.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....