7.8 C
Скопје
22:23 - 31 март, 2026

Можат ли вотката и ракијата да помогнат во дезинфекција на рацете и површините?

Болка на стомак, на грло, забоболка… Колкупати сте се нашле во ситуација да се обидете да ја намалите болката со помош на народни лекови, па и со ракија.

Но, кога е во прашање многу посериозна тема од обична мачнина, одбрана од вирус, експертите се прилично строги и непоколебливи – нема народни лекови, нема средства за дезинфекција измиксани дома, ниту пак чашка која може да помогне.

Упатствата се едноставни – да се одбраните од вирусот можете со правилни хигиенски навики, односно со правилно миење на рацете и апсолутно избегнување на допирање на лицето со раце, бидејќи коронавирусот може да се задржи на лицето, а оттаму да го пренесете на очите, носот или устата.

Но луѓето, за жал, комплицираат. Веруваат во „природните помагатели“, мешаат домашни средства со оние за дезинфекција и консумираат народни лекови за кои веруваат дека им помагаат. Така, на социјалните мрежи се рашири идејата дека како средство за дезинфекција за раце може да послужи – вотка!

Ваквите дезинформации кои се шират на социјалните мрежи, ги негираат од Центарот за дијагноза и превенција на болести од каде велат дека вотката не може да направи добра дезинфекција на рацете и на површините. Дополнително, велат дека треба да се внимава на сите домашни миксови кои имаат алкохол во составот. Ако процентот на алкохол не е повисок од 60 отсто, едноставно нема да биде делотворно средство против дезинфекција. Домашната ракија пак, содржи 50-60 отсто алкохол.

Здравствените стручњаци советуваат дека најдобра превенција од коронавирусот се сапунот и врелата вода. И дека истото важи и за чистењето на површините.

Инаку, во Иран на пример, од труење со алкохол во последната недела настрадале 27 луѓе кои верувале на потполно погрешната идеја дека алкохолот може да ја излечи заразата од коронавирус.

Прочитајте тука како правилно да се зашитите од коронавируост и како да се подготвите за евентуална пандемија.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....