17.8 C
Скопје
16:06 - 18 октомври, 2026

Млеко, кафе, чоколадo… 10 работи кои не смеат да се комбинираат со лекови

Можеби сте слушнале дека одредени лекови не смеат да се комбинираат, но како она што го јадеме и пиеме влијае на нивното дејство?

Пред првпат да го испиете лекот, разговарајте со вашиот лекар за производите и комбинациите кои би требало да ги избегнувате.

  1. Грејпфрут

Ова цитрусно овошје влијае на тоа како клетките во дигестивниот тракт ја пренесуваат супстанцијата низ телото, а може да влијае на 50 различни лекови. Грејпфрутот може да го поништи дејството на одредени лекови.

  1. Млеко

Млечните производи може да го отежнат организмот да процесира одреден антибиотик. Минералите како калциум и магнезиум носат дел од одговорноста. Ако пиете антибиотици, информирајте се за тоа дали постојат одредени намирници или пијалаци кои не смеете да ги консумирате.

  1. Чоколада

Темната чоколада е една од намирниците што може да влијае на дејството на таблетите кои се наменети за полесен сон. Исто така, ќе го интензивира дејството на некои лекови за стимулација.

  1. Додатоци на исхраната со железото

Тие можат да ги намалат ефектите на левотироксинот, познат и како Л-тироксин, кој се користи за лекување на недостатокот на хормоните на тироидната жлезда. Ако овој лек го користите со мултивитамини, проверете во нив дали се наоѓа железо. Ако ви треба токму тој додаток во исхраната, разговарајте со вашиот лекар.

  1. Алкохол

Ќе го поништи дејството на одредени лекови, а на таа листа се наоѓаат и оние за крвен притисок и за срце. Исто така, ќе го интензивира дејството на некои лекови или ќе предизвика опасни нуспојави.

  1. Кафе

Може да го ослабне дејството на антипсихотиците, но и да го зголеми дејството на некои други лекови, како што е аспиринот.

  1. Витамин К

Ако земате лек кој спречува настанување на згрутчувања на крвта, внимавајте колку витамин К внесувате. Може да го направи лекот помалку делотворен и со тоа да го зголеми ризикот од згрутчувања на крвта.

Брокулата, кeљот, магдоносот и спанаќот се едни од најпознатите намирници што го содржат во изобилство овој витамин.

  1. Женшен

Може да го намали дејството на одредени лекови што се користат како антикоагулант. Во комбинација со некои лекови може да предизвика главоболки, проблеми со спиењето и нервоза.

  1. Гинко

Некој ја користи оваа билка за да ја спречи појавата на висок крвен притисок, деменција, тинитус (шум во увото)… Може да го ослабне дејството на лековите што служат за контрола на нападите кај епилепсија.

  1. Не ги пиете лековите како што ги препишал лекарот

Околу 50 отсто од лековите не се земаат како што е пропишано, така што лицето го зема кога ќе се сети, што може да го намали дејството. Следете што пишува на пакувањето и што ви рекол лекарот.

 

 

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....