14:03 - 2 април, 2026

Милена Антовска Станковска: Не поднесувам нападни и наметливи жени

Утринската водителка на Канал 5, Милена Антовска Станковска, за на работното место преферира класичен стил, им се восхитува на девојките што вежбаат, а последните пари од паричникот би ги потрошила на ќеркичката Лана Марија.

Како би го дефинирала сопствениот стил? Која гардероба преовладува во твојот гардеробер?

– Облеката во мојот гардеробер се дели на облека за емисија, за излегување и за секој ден. За на работа, преферирам класичен стил, за излегување – фустани, за преку ден, кога немам обврски, може да бидам и во тренерки, фармерки и маичка или во некој блузон.

Колку време посветуваш на својот изглед и одбирање на гардероба пред да излезеш?

– Важам за тип на жена што многу брзо се подготвува. Најчесто во глава веќе имам смислено комбинација за гардероба, се шминкам за 20 минути, така што за еден час сум готова.

Какви рецепти и трикчиња од „домашната кујна“ користиш за нега?

– Искрено, избегнувам да експериментирам дома, им се препуштам на професионалци кои добро ги познавам, а ме знаат и тие мене, ми ја знаат кожата на лицето, телото, косата итн.

На што би ги потрошила последните пари од паричникот, без грижа на совест?

– Уф… Пред да се роди Лана Марија сигурно тоа ќе беше на чевли, на гардероба, сега пак, сигурно би потрошила за неа, впрочем како и секој родител.

Кои Македонки те инспирираат и зошто?

– Сите оние кои вежбаат, кои се професионални спортистки. За сè во животот сум истрајна и исполнителна, освен за вежбањето, па затоа им се восхитувам.

Што најпрво забележуваш кај една жена, а што кај еден маж?

– Кај една жена прво нешто што ми паѓа в очи е однесувањето и ставот. Воопшто не поднесувам нападни и наметливи жени. Жената треба да биде синоним за елеганција и харизма. Кај мажите пак, прво нешто што забележувам е дали има смисла за хумор.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....