12.8 C
Скопје
13:08 - 18 декември, 2024

Мајстор за тетоважи кој ги оживува легендарните сцени од филмовите! (ФОТО)

Овој мајстор за тетоважи не мора да покрие голем дел од телото за тетоважата да биде подетална и убава. Доколку го прашате него, на мал дел од подлактницата може да стои вашиот омилен филмски момент.

Тату-мајсторот Еден Козокаро од Израел, стана познат по своите детални микро тетоважи. Шарените минијатурни тетоважи на Еден најчесто претставуваат елементи од поп-културата, сцени од популарни филмови, серии, книги и стрипови. Секоја тетоважа е полна со бои и направена е хируршки прецизно.

View this post on Instagram

His room ✨

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

„Bored Panda“ ги пронајде неговите нереални тетоважи на Инстаграм и одлучи да ги сподели со следбениците.

Един кариерата како тату-мајстор ја започнал кога еден од неговите пријатели ја купил најефтината машина за тетовирање на „eBay“.

View this post on Instagram

Pulp fiction ✨

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

„Ми даде да ја испробами така стана мојот прв клиент. После тоа започнав да нудам бесплатни тетоважи на сите кои ги повикував за да ја усовршам мојата работа“, истакна Еден Козокаро за магазинот „Inked“.

Израелецот смета дека во неговата држава сите тату-мајсотри меѓусебно се почитуваат и поддржуваат, бидејќи нивната заедница е прилично мала. Еден и другите тату-мајстори се трудат со своите тетоважи на светот да му покажат дека тетовирањето е еден вид на уметност.

View this post on Instagram

Up ?

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

Кога го запрашале што го поттикнало да се обиде во областа на микро-тетовирање, Еден рекол дека сакал да го искористи своето знаење за класичната уметност и да се обиде да направи мали уметнички дела на своите клиенти кои не сакаат да ја украсат цела рака или поголем дел од телото.

Тој се труди секој дизајн да биде што помал, бидејќи смета дека кога дизајнот е во прашање, помалку е повеќе. Тој истакнал и дека многу луѓе сметаат како минималистичките тетоважи не зараснуваат правилно, затоа му е мноуг важно на друштвените мрежи да објавува слика на потполно зараснати тетоважи.

View this post on Instagram

James Bond ? Daniel Craig vs. Sean Connery

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

Еден е сега член на престижната тату-група „Bang Bang“, која ја предводи славниот МекКерди. МекКерди ги има тетовирано Ријана, Џастин Бибер и Мајли Сајрус. Многумина сметаат дека тој е најдобриот тату-мајстор во светот.

View this post on Instagram

You’ve got a Friend in me ✨

A post shared by Kozo_tattoo (@kozo_tattoo) on

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....