4.8 C
Скопје
11:30 - 21 декември, 2024

Лејла Рамковска: Со јогата научив како да го насочам умот во моја полза (ФОТО)

Кога телото ќе почне да старее, а духот сè уште е млад, одличен начин да се надмине таа контрадикторност е да почнете да вежбате јога. И не само тогаш, јога можат да вежбаат сите од 7 до 77 години, а и пред и потоа.

Знаете ли зошто луѓето кои вежбаат јога се младолики? Еве што вели Лејла Рамковска, инструкторка по јога за „Женски печат“:

– Со самото тоа што се ослободуваме од стрес, дишеме квалитетно и се полниме со добро расположение. Од аспект на пози, голем дел од праксата е во вид на отпор на гравитацијата со што се задржува тонусoт на кожата и спречуваме виснување на тонусот, како на кожата така и на мускулите.

Јогата ни дава виталност и енергија, поголема снага, стекнување флексибилност што значи младост, тонирани мускули, а ни обезбедува и заштита од повреди. И тоа се само дел од бенефитите од вежбањето.

– Преку јогата научив како да го насочам умот да работи во моја полза, за мое добро и здравје, на какви мисли им правам простор, да препознаам што е во моја штета и да го елиминирам. До нас е дали и колку ќе дозволиме лошите мисли да преовладаат. Сè е до тоа каде си го насочуваме вниманието.

Но како почнала да вежба Лејла јога и зошто?

– Пред 4-5 години, по физикални терапии на вратот. Немав сила и нула флексибилност. Никогаш пред мојата 30-та година не сум ни пробала да застанам на глава или слично. Почнав со многу едноставни движења и пози, секое застанување на мат го правев без преоптоварување колку време треба да трае тој ден, но со апсолутна свест и фокус. Развивањето си дојде природно со тек на време. Најголем ефект има кога имаш континуитет. Подобро редовно и во мали дози отколку да се превежбате еднаш, па да следува пауза од подолго време. Постојаност е клучниот збор, раскажува таа.

Вежбањето е врзано со здрав начин на исхрана за да има ефект. Па така, Лејла денот го почнува со кафе со реиши, лажица џем од црно гоџи за енергија, пие многу вода, не јаде пред 11.30 часот, а последен оброк ѝ е до 20 часот. Внесува суплементи по препорака на нутриционист. Исхраната ѝ е балансирана со поголем акцент на внес на протеини и зеленчук.

Како жена што внимава на своето здравје и изглед, Лејла ни открива како го негува лицето.

– Еднаш неделно користам маски за лице од мешавини кои знам и сама да си ги направам. Сè уште сум во фаза на експериментирање, така што подетално околу составот можеби ќе споделам понатаму.
Сепак, розата ја издвојува како најомилена состојка за нејзиното чувствително лице.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....