09:22 - 12 ноември, 2026

Кутрата Меган Маркл: Ѝ се случи мала незгода, а јавноста како едвај да чекаше (ФОТО)

меган маркл

Само што се врати од одмор војвотката се сретна со замерките на корисниците на социјалните мрежи.

Првото официјално појавување на Меган Маркл во јавност во 2020 година не помина баш најдобро.

Само што се врати од одмор, Меган Маркл се сретна со замерките на корисниците на социјалните мрежи.

Војвотката од Сасекс за посетата на Канадската куќа во Лондон одбрала комбинација на бои која многу жени вешто ја избегнуваат, а медиумите ја нарекоа „250 нијанси на кафена“. Иако навикнавме да ја гледаме во скапа брендирана гардероба, Меган овој пат, како што пишуваат странските медиуми,  направила отстапка и се одлучила за помалку познати и евтини парчиња облека.

Бидејќи секогаш е во центар на вниманието, многумина ја забележаа малата незгода што ѝ се случи. Меган се испотила, а под пазувите ѝ се направила флека.

Profimedia

Критиките на нејзина сметка се појавија на социјалните мрежи со забелешки дека тоа никако не смее да си го дозволи, бидејќи е принцеза.

Со оглед на тоа што повеќето луѓе едвај чекаат да најдат замерка и забелешка за нешто, не чудат ни големиот број негативни коментари на сметка на Меган.

Некои ѝ замерија и што го носела капутот преку рака.

Profimedia

„Зошто така го носи капутот? Дали сте ги виделе кралицата или Кејт така да си ги носат капутите? Невкусно“, пишуваа на социјалните мрежи.

Не застанаа тука па се нафрлија и на нејзината коса, препорачувајќи ѝ да оди на фризер, зашто „косата ѝ е видливо оштетена“.

„Престани постојано да ја допираш таа коса“, напишал еден корисник.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.
Се вчитува....