4.8 C
Скопје
22:55 - 12 март, 2026

Купил кауч за 70 долари, но тоа што го пронашол во него го шокирало! (ВИДЕО)

Кога Хауард Кирби од Мичиген купил кауч, воопшто не се надевал на тоа што го нашол внатре.

Кирби купил кауч од непрофитната организација „Habitat for Humanity ReStore“ за 70 долари, но приметил дека еден од душеците бил неудобен. После 3 недели, тој и неговата невеста го отвориле и пронашле шокантна количина на пари внатре – околу 43 илјади долари.

На момент, Кирби бил во искушение да ги задржи парите, но на крајот се откажал од тоа.

„Што би направил Исус? Исус би ги вратил на вистинскиот сопственик“, рекол Кирби за ABC. Тој додал дека ја контактирал продавницата која веднаш ги контактирала претходните сопственици на каучот. Тие дошле и ги собрале парите што ги сокрил нивниот покоен дедо, при што не можеле доволно да му се заблагодарат на Кирби.

„Знам како е кога ќе загубиш нешто и никогаш не го добиваш назад“, рекол Кирби, кој за својот чин добил бројни пофалби на друштвените мрежи.

Слични објави

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо
Се вчитува....