15:40 - 3 април, 2026

Кучето се обидело да пие вода од тоалетот, па му се случило најсмешната незгода! (ВИДЕО)

Кучињата сакаат да прават чудни работи и доколку дома имате едно, сигурни сме дека со тоа одамна сте се помириле. После некое време престанувате да се запрашувате зошто носот сакаат да го нуркаат во ѓубрето или корпата за валкана облека. Повеќе не ве чуди тоа што чорапите му се омилена играчка или што сака да ви ги лиже стапалата после целодневна работа.

Тоа е таа чудна црта на нивните способности, а во неа спаѓа и пиењето вода од вц-школката. Без оглед на тоа што секој нормален сопственик води сметка за тоа неговото куче секогаш да има свежа вода, многу кучиња ќе се послужат со вода од тоалетот. Многу од нив се фатени на дело, но нивните сопственици откриваат трагови вода низ тоалетот, а и околу носето.

Но, боксерот од оваа приказна ја немал таа среќа. Него сопствениците веднаш можеле да го обвинат. Додека сопственичката внимавала на своето бебе, кучето одлучило да се почасти во тоалетот. Немал поим дека на себе ќе го има најсмешниот можен доказ.

Откако добро се напил, ја извлекол главата од „изворот“ и со себе понел сувенир. Всушност, главата на боксерот се заглавила во детската вц-даска. Неговата сопственичка сакала да го искара, но единствено нешто што успеала е низ смеа да каже дека тоа се случува кога пие вода од „непроверени“ извори.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....