9.8 C
Скопје
22:20 - 17 октомври, 2026

Корисни совети и идеи: Што сè можете да направите со остатоците од храна

Речиси во домот на секое семејство, секојдневно остануваат големи количества на остатоци од храна која се разбира неможе да се јаде, па токму поради тоа, таа завршува во канта за отпадоци. Сепак, за да не фрлате се, добро е да ги знаете овие трикови со кои можете многу да си го олесните секојдневието а притоа и да заштедите пари.

Кафе

Доколку во домот имате зрна кафе, нив можете да ги искористите за да ја неутрализирате лошата мирис од вашите чевли. Се што треба да направите е да ставите неколку зрна не мелено кафе и да ги оставите да отстојат најмалку 12 часа. Вашите чевли веќе следниот ден, нема да мирисаат непријатно.
Покрај тоа, кафето можете да го користите и за неутрализирање на лошата мирис која ја имате на рацете после сечкањето на лук или пак кромид. Потребно е да земете малку мелено кафе и со вода убаво да го втриете со дланките. Потоа само исплакнете. Веднаш ќе забележите дека непријатниот мирис исчезнал.

Лимонова кора

Киселоста која ја има лимонот во својот состав, претставува одлично сретство за избелување, а пак витаминот Ц кој е сконцентриран во ова овошје, го поттикнува производството на колаген. Токму затоа, доколку се соочувате со проблемот на неизбалансиран тен на лицето, кората од искористениот лимон, наместо да ја фрите во ѓубре искористете ја за козметички цели. Се што треба да правите е неколку денови да ја триете кожата на лицето со кора од лимон. Потемните делови на кожата на лицето комплетно ќе избледат а вашиот тен ќе стане ист по целото лице.

Кора од банана

За вашите чевли да светат како штотуку купени, секојднено полирајте ги со кора од банана.Природните масла кои се содржани во бананата, ќе ви помогнат да го зачувате сјајот на чевлите, особено доколку се направени од кожа.

Кората од бананата можете да ја користите и за белење на забите. Во неа се содржани калиум, калциум, магнезиум, фосфор – соединенија кои помагаат во зацврстувањето на забите. Затоа, еднаш дневно протријте ги забите со кора од банана. Само после неколку денови ќе забележите дека вашите заби се побели за нијанса.

Лушпи од јаболка

Јадете јаболка бидејќи се исклучително здрави. Сепак, складирајте ги и лушпите. Кога ќе успеете да наполните една тегла со лушпи од јаболка, во теглата ставете и вода се до врвот,ставете една лажица шеќер и покријте ја со газа. Оставете ја така да отстои околу 10 дена на темно место. Откако ќе помине тој период, процедете ги лушпите а течноста користете ја како оцет.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....