7.8 C
Скопје
08:49 - 31 март, 2026

Комплетно ја засени Иванка: Меланија Трамп воодушеви во фустан вреден 1.800 долари (ФОТО)

Првата дама на Америка е позната по своите деловни модни комбинации, но на патувањето во Индија ја откри и нејзината забавна страна кога станува збор за модата.

профимедиа

Претседателот на Америка Доналд Трамп во моментов престојува во Индија, а дел од неговата делегација се и неговата сопруга Меланија и ќерката Иванка Трамп.

профимедиа

Ќерката на Трамп избра рачно ткаен и многу елегантен „шалвар-камиз“, традиционалната облека која обично ја носат жените во Јужна Азија, како и панталони и туниката која се закопчува однапред со низа копчиња. Станува збор за модел кој го носи потписот на Анита Донгре и во целост е бела боја, а го комбинираше со бели затворени папучи од Маноло Бланик.

профимедиа

Од друга страна, сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп сите ги воодушеви со бел фустан со крагна, која се закопчува на сличен начин како и изборот на Иванка, а Меланија на својата комбинација додаде и црвен појас, со кој го нагласи ефектниот принт на овој интересен фустан.

профимедиа

Таа изгледаше прекрасно во моделот од Каролина Херера со миди должина и ракави на три-четвртини, за кој издвои дури 1.800 американски долари.

профимедиа

Изборот на Меланија како и секогаш е одличен и очекуван, таа на својата комбинација додаде и класични салонки, во бела боја.

профимедиа

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....