6.8 C
Скопје
08:40 - 13 март, 2026

Која е разликата помеѓу „second hand“ и „vintage“

Со оглед на фактот што денес тренд се моделите како оние во последните неколку епохи, од 90-тите па наназад се до 60-те години – многу љубители на модата со право се откажаа од купувањето на нови парчиња. Понекогаш сме среќни што не сме се ослободиле од одредени модели во плакарите, кои стоеле со години.

Истражувањата од екологијата во последните неколку децении укажуваат: Текстилната индустрија е на високото трето место, на листата од најголемите глобални загадувачи. Поради ова се препорачува помало производство на облека, а постоечката да се продаде како половна или да се употреби на нов начин.

Втората причина за купување половна облека или носење на старата, е заштедата на финансии.

Побарувачката во продавниците за „second hand“ и „vintage“никогаш не била поголема од денес.

Постои значителна разлика помеѓу облеката која се нарекува „second hand“ и „vintage“.

Поточно, „second hand“се однесува на се што некој веќе го носел претходно. Тоа не подразбира само еден сопственик, затоа не мора да биде секогаш „втора рака“, туку може да биде и трета или пак петта.

Квалитетот не е утврден при изборот на производи, што се наоѓаат на полиците во бутиците за половна роба. Може да наидете на видно истрошени парчиња, но и на парчиња со висок квалитет и скоро нови.

Кога станува збор за „vintage “ гардеробата, најдоброто објаснување е следното: Тоа е како вкус на вино, кое доаѓа од година со добра жетва. Терминот „vintage“ означува квалитет.

Добрата „жетва“ во светот на модата укажува на 80-тите, 70-тите и 20-тите години на минатиот век. Како „vintage“ парчиња се сметаат оние кои беа произведени најмалку пред 20 години. Додека сите постари од сто години, се сметаат за антички парчиња.

Слични објави

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо
Се вчитува....