9.8 C
Скопје
22:07 - 19 февруари, 2026

КЛОНИРАЊЕ НА ГЛАС – кој најмногу го користи?

Клонираниот глас може да прикаже емоции како лутина, страв, среќа, заљубеност или досада.

Софтверот за клонирање на глас не е само алатка која станува сè повеќе популарна во Холивуд, туку оваа технологија е исто така омилена и кај сајбер криминалците.

Ваквиот звук генериран од компјутер е застрашувачки точен. Софтверот на тој начин го репродуцира акцентот и тонот на гласот, темпото на говор и дишење, а клонираниот глас, исто така, може да прикаже емоции како лутина, страв, среќа, заљубеност или досада.

Фото: Инстаграм

Технологијата може да се користи за преведување зборови на различни јазици, што може да значи дека американските компании за производство на филмови повеќе нема да мора да ангажираат дополнителни актери за снимање синхронизирани верзии на нивните филмови.

Како тоа ќе влијае на надоместоците од кои актерите од помалите пазари заработуваат добро, надвор од англиското говорно подрачје, како што е српскиот или македонскиот, сè уште не е анализирано.

Канадската компанија Resemble AI тврди дека тие веќе можат да клонираат англиски гласови на 15 други јазици. Извршниот директор на компанијата, Зохаиб Ахмед, вели дека само десет минути снимање на нечиј глас се доволни за софтверот да создаде квалитетна копија на истиот.

Фото: Инстаграм

Сепак, иако зголемената софистицираност на овој софтвер има очигледен комерцијален потенцијал, тој исто така предизвикува загриженост за тоа како може да се злоупотреби од сајбер -криминалците.

Во симбиоза со лажни видеа генерирани од компјутер, клонирањето на гласот го создава она што ние го нарекуваме „дипфејк“. Експертот за сајбер безбедност Еди Бобритски вели дека постои „голем безбедносен ризик“ што доаѓа со синтетичките гласови.

“На пример, ако шефот се јави кај вработениот барајќи доверливи информации, а вработениот го препознае гласот, тој ќе го направи она што е побарано без размислување. Тоа е патот по кој ќе тргнат многу измамници”, смета Бобртиски.

Ваков случај имаше во 2019 година, кога британскиот менаџер беше измамен од оваа технологија. Имено, тој верувал дека клонираниот глас му припаѓа на неговиот германски шеф, и на тој начин уплатил 220 илјади евра на сметката на криминалците.

Фото: Инстаграм

Појавата на нова генерација дигитално манипулирани медиуми, исто така позната како дипфејк, предизвика значителна загриженост за можна злоупотреба.

Како одговор на овие проблеми, Европскиот парламент од експертите нарача студија за проценка на техничките, социјалните и регулаторните аспекти на дипфејк.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....