-0.2 C
Скопје
01:28 - 19 декември, 2024

Кејт Мидлтон можеби навистина носи евтина облека, но затоа воопшто не штеди на накит: Колку вреди еден нејзин прстен?

Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон е препознатлива по својот минималистички стил на облекување и е една од ретките дами од кралското семејство што носи евтина облека.

Кејт прекрасно го носи секој стајлинг и секогаш го надополнува со прекрасен накит. Веќе како постар член на кралското семејство, Кејт почна да добива привилегија да носи парчиња накит од кралската колекција.

Instagram
Instagram

Мидлтон носи дијадеми, обетки, прстени парчиња кралски накит кои припаѓале на кралицата и кои веројатно еден ден ќе ги носи нејзината ќерка или снаа.

На многу фотографии Кејт јавноста го забележа накитот што некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дајана. Познат е фактот и нејзиниот веренички прстен од сафир и дијамант е дел од кралската колекција, прстен што прицот Чарлс ѝ го дал на принцезата Дајана.

Instagram

InstagramВредноста на прстенот се проценува над 28.000 фунти кога бил изработен, а денес би чинел неверојатни 300.000 фунти.

Војвотката од Кембриџ носи и обетки со дијамант и сафир од принцезата Дајана.

Instagram
Instagram

Овие обетки од сафир и дијамант, кои први ги носеше Дајана, ги обнови Кејт според нејзиниот личен вкус“, изјави Еди Левијан за магазинот „Express“.

Се веруваше дека сафирот е омилен скапоцен камен на принцезата Дајана, а очигледно Кејт ја задржува традицијата во модернизирана верзија. Најверојатно скапоцените камења ја воодушевуваат и војвотката Кејт, имајќи ја предвид кралската историја на носење елегантен, софистициран и разноврсен накит.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....