11.8 C
Скопје
09:47 - 18 октомври, 2026

Јапонски совети за секој родител: Како од вашето дете да изградите здрава личност уште од мали нозе!

Unsplash

Иако јапонскиот стил на родителство е различен од нашиот, можеме да „украдеме“ неколку трикови од оваа далечна земја од Истокот, бидејќи тие се покажаа како многу ефикасни во воспетувањето на нашите најмали и најсакани.

Јапонските деца се меѓу најздравите и најсреќните во светот, откри истражувањето објавено во научното списание „Лансет“. Резултатите од истражувањето исто така открија дека јапонските деца имаат најдолг животен век.

Unsplash
Unsplash

И иако јапонскиот стил на родителство е малку поразличен од нашиот, постојат неколку општи трикови кои дефинитивно не е лошо да ги испробате ако досега не се сте обиделе да ги промените во воспитувањето на вашето дете.

Пофалбa за напор, а не за способност:

Во Јапонија, детето секогаш е пофалено за неговата работа, а не за неговата способност како истата ја извршува. Овој начин на охрабрување и пофалби важи дури и кога детето има проблем со справувањето на обврската, бидејќи родителите веруваат дека по пофалбата ќе се обиде да ја исполни уште повеќе.

Unsplash
Unsplash

Почит, на прво место:

Малку е веројатно дека ќе видите како јапонско дете има испади на гнев среде продавница. Јапонските родители ги учат децата уште од рана возраст да бидат полни со почит кон постарите лица и да размислуваат како нивното однесување влијае на другите.

Unsplash
Unsplash

Ако не е далеку, прошетај:

Во Јапонија е најнормално да се гледаат мали ученици кои одат на училиште сами. Повеќе од 98 проценти од децата одат до училиште, според Светската здравствена организација. Општо, ова правило важи само во Јапонија, па родители уште од самиот почеток ги учат своите деца како можат да стигнат до повеќето места користејќи ги нозете. Ако не е далеку – прошетај!

Unsplash
Unsplash

Без викање:

Во Јапонија, тоа е дисциплина на „шитсуке“. Зборот може грубо да се преведе како „образование“. Наместо да викааат по децата, во јапонското дисциплинирање на децата, секогаш важи правилото да се посочи детето на размислување за последиците од она што го сторило и самото да увиди каде е грешката.

Независност од самиот почеток:

Од рана возраст, децата во Јапонија се учат да бидат независни и полни со самодоверба. Затоа, јапонските деца им помагаат на своите родители во домашните работи од почеток и продолжуваат со такви навики во градинка и училиште.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....