1.8 C
Скопје
07:21 - 10 март, 2026

Измама од „1001 ноќ“: На лекар му продале Аладинова ламба за 41.500 долари!

Двајца мажи се уапсени во индиската држава Утар Прадеш, бидејќи наводно измамиле лекар и му ја продале „Аладиновата ламба“, за која му ветиле дека ќе му донесе богатство и здравје.

Како дел од измамата, дури се претворале дека повикуваат духови од ламбата, според приказната од „1001 ноќ“, пренесе Би-би-си, повикувајќи се на индиските медиуми.

Измамниците наводно му барале на лекарот повеќе од 200.000 долари за ламбата, но на крајот се задоволиле со 41.500 долари.

За измамата е осомничена и една жена, која е сè уште на слобода.

Лекарот, наводно, неделава поднел жалба до локалната полиција во Мирут, западен Утар Прадеш. Во жалбата, која ја цитирала телевизија НДТВ, тој рекол дека двајцата мажи ги запознал кога почнал да лекува жена, за која подоцна разбрал дека е нивна мајка.

Постепено тие почнаа да ми раскажуваат за еден баба (кум), за кого тврдат дека исто така го посетил нивниот дом. Почнаа да ми го „перат“ мозокот и бараа од мене да се запознаам со кумот – рекол лекарот.

Потоа, тој навистина се сретнал со него, „кој се чини дека изведува такви ритуали“.
Тогаш навистина го запознал „баба“, кој правел ритуали.

Измамениот лекар рекол дека за време на една посета, пред него навистина се појавил Аладин и дури подоцна сфатил дека еден од обвинетите се облекува како легендарната фигура.

Слични објави

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Еспресо
Се вчитува....