10.8 C
Скопје
15:10 - 27 октомври, 2026

Синот на Марина Туцаковиќ „удри“ по Цеца: Таа е воен профитер!

Синот на познатата текстописка и жената која ги има напишано едни од најголемите хитови последниве 30 години, Марина Туцаковиќ и Фута Радуловиќ, Милан – Лача остро ја нападнал фолк-дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, индиректно нарекувајќи ја воен профитер.

Радуловиќ на Твитер напишал дека местото на Цеца ѝ е во Хаг, што предизвикало бурни реакции на социјалните мрежи. Запрашан за мислење на новата песна “Ми“, која неодамна ја исфрлил Дино Мерлин, Лача одговорил:

– Јас сум повеќе, како што гледам, на сите тие воени хушкачи, кои сега без помош сакаат да се лустрираат, местото им е во Холандија во градот за искупување. Мерлин, Цеца и други – напишал на социјалните мрежи.

ФОТО: НИКОЛА ТОМИЌ/ТЕЛЕГРАФ.РС

Упатените на релација Ражнатовиќ-Туцаковиќ тврдат дека Цеца била стаписана од испадот на синот на Марина со обзир на тоа дека сeмејството со години соработува и дека Лача го третирала како да ѝ е син.

– Овој потег не ги изненадува неговите пријатели кои тврдат дека во моменти кога е под дејство на опијати знае се’ и сешто да напише, за кое подоцна се кае… Единствено не им е јасно како во потсветста го нема фактот дека Цеца прва ѝ се најде на неговата мајка за помош кога ја водеше борба со тешка болест…

Во обид да се добие коментар на испадот на Радуловиќ, побарана е Цеца за изјава, но таа не сакала ништо да коментира.

Слични објави

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.
Се вчитува....