8.8 C
Скопје
18:32 - 27 октомври, 2026

Со топлес фотографија, познатата пејачка им се заблагодари на фановите! (ФОТО)

Американската пејачка Мелиса Вивијан Џеферсон (32) во јавноста позната под уметничкото име Лизо, на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира целосно гола со американското знаме.

Instagram
Instagram

Во описот на фотографијата Лизо се осврна на минатото на Америка, но и на нејзината потенцијална иднина.

„Кога ќе помислам на оваа земја, не мислам на нејзините закони, мислам на нејзините луѓе. Размислувам за тоа како сме воспитувани да сме патриоти за насилство, пропаганда и војна. Размислувам за тоа како оваа земја е во сопственост на угнетувачот и како угнетените се заклучени во долината на капитализмот. Но, мислам и на младите луѓе кои одбиваат да бидат хранети со невистини. Мислам на постарите кои гордо застанаа против предрасудите дури и кога тоа беше навидум невозможно. Заради вас, јас уште имам надеж“, напиша таа.

Instagram
Instagram

„Верувам во земја што ќе учи вистинска историја за да можеме подобро да разбереме каде живееме и дека можеме подобро. Верувам во земја што ги слуша извиците на демонстрантите и не ја политизира смртта. Верувам во обнова на оваа прекрасна земја и почитување на заедниците кои ја поседуваа Америка пред колонизаторите да ја преименуваат. Верувам во правичност, еднаквост, целосно отстранување на религијата на места каде што не припаѓа. Нека религијата живее во црквите и местата за богослужба… тивките простории за молитви, радосните собири… и надвор од Конгресот“, додаде Лизо.

Instagram
Instagram

„Верувам во толку многу, и ако верувам во тоа еден ден ќе го видам. Можеби нема да биде утре, можеби нема да биде и денес, но ќе се случи еден ден ако останеме ажурни. Ние луѓето, СИТЕ луѓе, го заслужуваме ова“, заблагодарувајќи им се на своите следбеници што гласале за избор на нов претседател.

Instagram
Instagram

Нејзината фотографија и обраќање предизвика лавина реакции, некои од нејзините следбеници ја поддржаа во целост, а други пак, го тврдеа спротивното. Ако идејата на пејачката била да предизвика рекација која ќе ја „раздрма“ апатичноста на народот, несомено успеа во тоа!

Слични објави

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.
Се вчитува....