7.8 C
Скопје
07:16 - 2 април, 2026

Интернетот се пошегува со облеката на младиот оскаровец Тимоти Чаламет! (ФОТО)

Актерот Тимоти Чаламет се појави на црвениот тепих на Оскарите во необично одело од модната куќа Прада. Станува збор за темно сина јакна и панталони, кои многумина ги потсетија на работничка униформа од домар, портир и работник на бензинска. Не требаше многу време за интернетот да се преплави со мемиња од облеката на Тимоти во главна улога.

„Тимоти изгледа како професот по физичко кој избегал од предавање“, беше еден од коментарите на Твитер.

„Знам дека не е номиниран за Оскар, но погрешно е да го терате да издава карти за паркинг“, напишал друг корисник.

„Тимоти, еве ти 20 долари за гориво на пумпата број 3“, пишува покрај фотографијата на која актерот е монтиран дека стои на бензинска пумпа.

Чаламет  освои Оскар во 2018 година за улогата во филмот „Скриена љубов“, а оваа година презентираше една од наградите со Натали Портман.

 

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....