04:23 - 20 декември, 2025

ГЕРМАНСКАТА МАЈКА: Интересни факти за Ангела Меркел

ангела меркел

Ангела Меркел има два моќни прекари: Германците ја нарекуваат „мајка“, а остатокот од светот „кралица на Европа“. Деновиве, една од најмоќните жени во светот се подготвува да се пензионира

Еве неколку интересните факти за канцеларката Меркел

Мора од некаде да почнеш

1. Додека студирала, Маркел работела како шанкерка на студентски диско забави.

Аналитички ум

2. Има диплома по физика и докторат по квантна хемија. Некои велат дека таа има постигнато толкав успех затоа што му пристапува на проблемот од научна, аналитичка гледна точка.

Одмерена и во катарза

3. Во ноември 1989 година на ноќта кога се сруши Берлинскиот Ѕид, Ангела Меркел имала 35 години. За да го прослави овој голем настан, таа отишла во сауна, подоцна направила кратка прошетка и испила пиво. Потоа брзо се вратила дома да се одмори бидејќи наредниот бил работен ден. Сите останати во Германија беа во екстаза која траеше до утрото.

Независна

4. Откако се разведе од првиот сопруг, живееше во илегален стан во близина на железничката станица. На нејзиниот триесетти роденден, нејзиниот татко ја посетил и разочарано ѝ рекол: „Не си стигнала многу далеку!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @sebastienprovost

Фантомот на операта

5. Нејзиниот сопруг, Јоаким Зауер, е професор на Универзитетот во Берлин. Не сака публицитет, па не се појави ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Тој сака опера и пешачење и лета со ефтини летови дури и кога му е дозволено да патува со канцеларката во службени авиони. Поради неговиот интерес за операта и недостатокот на присуство за јавноста, Германците го нарекуваат „Фантомот на операта“.

Обожавателка на фудбал(ери)

6. Меркел го сака фудбалот и често влегува во соблекувалните на мажите за да им ја честита победата. Се вели дека при една таква ненадејна посета, случајно го видела Бастијан Швајнштајгер (сопругот на Ана Ивановиќ) гол.

Завршна етапа

7. Во 2018 година, Ангела Меркел поднесе оставка од челната позиција во Христијанско -демократската унија и објави дека нема да се бори за петтиот мандат на германската канцеларка. Во јули 2021 година, таа изјави дека ќе се повлече од политичкиот живот по изборите во септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Voz Libre (@vozlibre_)

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....