7.8 C
Скопје
20:39 - 31 март, 2026

Французин го собори рекордот – Направи пица со дури 254 видови кашкавал!

Јуху! Потраа, но Гинис го призна мојот рекорд и сега ова е официјално. Го очекувам сетификатот како и пописот на сите кашкавали, воодушевено искоментира францускиот пица мајстор.

Беноит Бруел од Лион се занимавал до повеќемесечна административна работа со цел да собере докази дека навистина ги искористил сите состојки кои ги навел. Па токму затоа од Гинис дури сега му го признале рекордот кој всушност го направил уште во февруари, пишува „The Takeout“.

Тој со својата пица го соборил рекордот на Австралијанецот Џони Ди Франчез од Мелбурн кој испекол пица користејќи 154 видови на кашкавал. Бруел својот успех го сподели на Инстаграм профилот од ресторанот.

„Јуху! Потраа, но Гинис го призна мојот рекорд и сега е официјално. Го очекувам сетификатот како и пописот на сите кашкавали“, напиша Бруел во коментарите.

Наводно тој во последен момент додал уште три видови на кашкавал, но од непозната причина не ги навел така што службениот број на искористени кашкавали се смета за 254.

Меѓу нив е осум месеци стариот „Comté 8“, „raclette“, „Tomme Artisanale Suisse de la Venoge aux truffes“, „Manigodine“ и уште околу двеста и нешто други видови на кашкавали

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....