07:40 - 10 ноември, 2026

ФОТО | Малата Илина во Германија реди успеси во гимнастика: Сакам да ја претставувам Македонија на Олимпијада!

Малата Илина Соколовска (14) е успешна македонска приказна надвор од границите на државата. Со нејзиното семејство живее во германскиот град Билефелд, па затоа и ова талентирано македонско девојче ниже успеси за Германија, но сонува  македонското знаме да го вее на Олимпијада.

 И ако се погледнат нејзините досегашни успеси во ритмичка гимнастика, несомнено дека овој сон ќе и се оствари.  Неполна деценија таа се занимава со овој спорт, а нејзиниот дом е преполн со пехари, кои минатата година и го отворија патот  да почне да се натпреварува во Бундес лигата. И таман почна  се како што треба, се случи пандемијата, која го застана животот во целиот свет. Но, Илина и покрај стопирањето на натпреварите не застанува. Нејзиниот живот продолжи со тренирање, за да биде подготвена, кога повторно животот ќе се врати во нормала и ќе почнат натпреварите.

Илина Соколовска/Приватна Архива

-Од февруари до октомври немавме никаков настап. Цела година чекав да се натпреваруваме. Пред десетина дена се случи еден клупски натпревар, убаво беше, но откажаа многу клубови од  Бундес прва и втора лига. Мојот клуб учествуваше, запазувајќи ги сите критериуми за заштита.  Мојот клуб се вика СГ Гутерслох- Билефелд, и клубски се натреварувавме. Секој сам танцуваше и на крај со вкупно 80 поени како клуб го освоивме петото место. Имаше посилни клубови од нас, се натреваруваат на интернационално ниво. Требаше и деновиве да има уште еден натпревар, но поради короната и тој е откажан, вели Илина, која пред неколку години на интернационален натпревар во Украина ја освои титулата „принцеза“, освојувајќи најмногу поени.

Илина Соколовска/Приватна архива

Иако нема натпревари Илина, како и нејзината помала сестра Ева (10), која исто така е гимнастичарка, продолжија да тренираат. Додека беше топло времето тренираа во природа, но сега тренинзите ги прават дома, секој ден по неколку часа.

– Многу ни е тешко што не можеме да спортуваме.  Сестра ми  Ева дури и плачеше бидејќи за следните четири недели се  откажани тренинзите и затоа ќе тренираме дома,  во дневна соба, бидејќи надвор е веќе студено.  Од март до јуни вежбавме така, малку дома, малку надвор. Кога не ослободија многу се израдувавме дека ќе продолжиме со натпреварите, но  ете пак не затворија. Сега само одиме во школо, цело време со маска и со постојано отворени прозорци и врати. На часови седиме  со јакни, капи, шалови или ќебе.  Напорно е ама мора да се издржи. Одам во девето одделени и најдобра сум во класот. Паралелно вежбам и учам. Обврските со спортот и натпреварите не ми штетат на школскиот успех. Внимавам на часови, редовно ги пишувам домашните и преку викенд учам. А имам време и за другарки. Секогаш прво е  учењето, па потоа  дружењето.  Има многу деца на кои им е напорно да учат ама јас скоро секогаш имам мотивациСонот на секој спортист, па и на Илина е успех и само успех. Нејзиниот најголем сон е да ја однесе Македонија на Олимпијада, кој ако продолжи со трофеите, како и до сега, секако дека ќе и се оствари. Иако таа се натпреварува за Германија, сепак, во џеб го има само македонскиот пасош, па оттаму и надежта дека еден ден ќе ја однесе својата татковина на ова големо натпреварување.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....