16:23 - 1 април, 2026

ФОТО: Како жива кукла – Ова е официјално најубавото девојче во светот!

Во последните години две девојчиња се прогласуваа за официјално најубави во светот – Французинката Тиен Блонду и Русинката Кристина Пименова. Но, оваа титула веќе извесно време е „во рацете“ на друго синооко девојче.

Пред извесно време оваа титула ја „презема“ Русинката – Анастасиа Књазева (9), која е прогласена за „најубавото девојче на светот“.

Поради своите продорни, големи и сини очи, Анастасиа многу потсетува на порцеланска кукла и веќе неколку години наназад гради успешна кариера како модел.

Таа на Инстаграм има 1,3 милиони следбеници, а досега работела и со многу модни компании за детските брендови.

На фотографиите изгледа преслатко и токму како жива кукла, а оние кои работеле со неа велат дека е многу природна пред камерите и дека позира како возрасна личност.

Профилот на Анастасиа на социјалните мрежи го води нејзината мајка Ана, а малечката убавица веќе ја нарекуваат „чудо од дете“ и и предвидуваат уште поуспешна кариера.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....