-4.2 C
Скопје
00:34 - 23 декември, 2024

ФОТО: Чевлите што ќе бидат хит во 2021 година, но на многумина не им се допаднаа!

Instagram

Конечно сме на крајот на една тешка година која единствено позитивно ќе ја паметиме по различните модни трендови. А што се однесува до 2021 година, модните експерти предвидуваат дека ќе претпочитаме да носиме еден модел на чевли што досега не бил многу популарен меѓу дамите.

Со доаѓањето на постудените денови, брзо стана јасно дека оваа есен – зима сезона ќе биде особено обележана со популарните гломазни чизми.

Instagram
Instagram

Многу трендсетерка успешно ги комбинираа со нивните парчиња гардероба, а по тоа некако чувствувавме дека е прашање на време кога тие обемни ѓонови ќе започнат да се прилагодуваат и во други видови на обувки. И, не требаше да чекаме долго. Класичните мокасини ја доживеаја својата зимска варијанта со популарниот дебел ѓон.

Мокасините со дебел ѓон прво го прифати модната куќа „Prada“, која го креирање и првиот пар со свој потпис на почетокот на оваа година. Чевлите веднаш го привлекоа вниманието на инфлуенсерите и трендсетерите, а потоа и другите брендови почнаа да ги воведуваат во своите колекции, пишува на веб-страницата „24sata.hr“.

Instagram
Instagram

Брендот „Dr. Martens“ кој соработува со брендот „Comme Des Garçons“ направи и сопствената верзија на гломазниот чевел, а сега слични модели може да се најдат во повеќето улични продавници.

Трендсетерите најмногу ги носат со фармерки и џемпери, но и со здолништа, па дури и со спортски кошули. Дебелите платформи веќе добија импресивна група фанови на Инстаграм, па се предвидува дека, како гломазните чизми и овој конкретен модел ќе бидат чевлите што најмногу ќе ги гледаме во 2021 година, на радост или жалење на многумина.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....