15:41 - 12 ноември, 2026

ФОТО: Алек Болдвин ја одбрани својата сопруга и жестоко им се спротивстави на хејтерите

Алек Болдвин продолжи да ја брани својата сопруга Хиларија откако многумина ја нападнаа поради наводното лажирање на нагласокот и потеклото.

62-годишниот актер објави цитат од Марк Твен на Инстаграм со кој ги сумираше своите чувства „Додека вистината облече чевли, лагата ќе го прошета половина свет“.

На многумина од неговите фанови не им се допадна објавата бидејќи сметаат дека неговата сопруга, инструкторката по јога, се претставува како шпанка иако всушност е родена во Бостон, каде се родени и нејзините родители.

„Како твојата сопруга „Шпанка“ која цел живот живее во Масачусетс“, му порача еден фан. „Претпоставувам дека нејзиниот нагласок е лажен! Измамничка!“

„Е*и се!“, одговори актерот.

Подоцна тој појасни дека неговата сопруга е родена во Бостон, но пораснала во Шпанија и дека ништо во животот не би успеала доколку го лажира сопствениот нагласок, за што всушност нема ни потреба.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....