Гледав лево-десно и се прашував дали ова навистина се случува, рекла Асимина.
Меган Маркл им помогнала на момче и девојка кои се обидувале да направат селфи, додека планинареле во Канада.
Девојката Асимина Канторовиќ рекла дека сосема се „заледила“ кога сфатила кој се понудил да ги фотографира нејзе и нејзиното момче Илија Павловиќ во регионалниот парк во Ванкувер.
Таа во првиот момент не ја препознала Меган.
„Не можев да поверувам за кого се работи. Потоа погледнав настрана и го видов принцот Хари. Гледав лево-десно и се прашував дали ова навистина се случува“, рекла Асимина.
Додека младите се обидувале да направат идеална фотографија со селфи-стапот, Меган поминувала во нивна близина и ги прашала дали им е потребна помош.
– Во тој момент единствено ми падна на памет да кажам: „Постојат многу работи кои селфи-стапот може да ги направи“, а Меган се насмевна и одговори: „Тогаш ќе мора да се потрудиме“, а Хари дофрли: „Само без притисок“ – раскажала Асимина за неочекуваната средба.
CTV News producer Asymina Kantorowicz and her partner were out hiking when someone kindly offered to take their picture – and that someone turned out to be Meghan Markle.
Publiée par CTV Vancouver sur Jeudi 2 janvier 2020