16.8 C
Скопје
20:34 - 27 април, 2024

Најлошите денови за секој хороскопски знак во 2020: Погледнете кој е вашиот

ОВЕН – 17 февруари

Овните се секогаш во брзање, се движат од едно место на друго и едвај одвојуваат време за да здивнат. На 17 февруари тоа може да ги доведе во неволја. На овој ден можеби ќе бидат фатени од властите или од полицијата како прават нешто непрописно. За да ја избегнете неволја, бидете претпазливи, особено додека возите.

БИК – 13 мај

За Биковите 13 мај ќе биде особено вознемирувачки. Тие сакаат сè да биде под контрола, а на овој ден ќе се изнервираат поради начинот на кој ќе се раздвижи нивната сметка поради некои неочекувани трошоци. Биковите не сакаат да се разделат од своите пари, но на овој ден ќе бидат приморани неочекувано да ги потрошат. Поради тоа, планирајте го буџетот и тргнете настрана одредена сума пари.

БЛИЗНАЦИ – 2 септември

Близнаците би можеле да влезат во проблеми поради нивната репутација или со љубовна врска. На овој ден ги очекува крај на нешто, раскинување, развод или губење на статусот, престижот и почитта што ја имаат. Бидете подготвени за да можете полесно да го поднесете тој ден. Внимавајте и на зборовите што ги кажувате ако не сакате да ве доведат во непријатна ситуација.

РАК – 21 јуни

За Раковите 21 јуни е денот кога ќе се прееле чашата. Ако нивната врска била токсична, можеби ќе заврши на овој ден. Овој ден ќе биде многу тежок за Раковите, особено затоа што тие многу ги ценат врските, но можеби е време да се потпрат малку и на другите луѓе во нивниот живот, како што се семејството и пријателите.

ЛАВ – 10 јануари

Лавот ја цени гордоста и за личностите родени во овој хороскопски знак ништо не е полошо од тоа да откријат дека партнерот има афера или дека некој им прави нешто зад грб. Но, може да се случи и спротивното, односно вдругите да откријат дека Лавовите прават нешто што не треба. Поради тоа, бидете искрени кон сите и побарајте од нив да го направат истото.

ДЕВИЦА – 13 октомври

На овој ден на Девиците ќе им се расипе автомобилот, компјутерот нема да им работи или ќе настанат многу недоразбирања. Можеби ќе добијат порака што била наменета за некој друг и по грешка завршила кај нив, па случајно ќе прочитаат некое шокантно откритие. Доколку се случи ова, немојте да реагирате премногу бурно затоа што тоа само ќе ја влоши ситуацијата.

ВАГА – 12 јануари

На 12 јануари Вагата ќе има хаотичен ден поврзан со некои семејни случувања. Можеби на некој член од семејството ќе му биде потребна нејзина помош. Сепак Вагата ќе успее да се справи со тоа преку ефективна комуникација со оние што ќе побараат помош од неа и ќе даде сè од себе за да им помогне.

СКОРПИЈА – 15 август

Личностите родени во овој хороскопски знак можат да претчувствуваат кога ќе се случи нешто лошо, но на 15 август нивната интуиција ќе ги изневери и ќе останат изненадени кога врската ќе им тргне во погрешна насока. Проблемите што мислеле дека се решени повторно ќе се појават, па можеби ќе треба да прифатат дека врската едноставно не функционира. На овој ден или ќе одлучите да раскинете или ќе си дадете уште една, последна шанса.

СТРЕЛЕЦ – 14 мај

На овој ден Стрелците ќе почнат да ги преиспитувате своите одлуки и ќе анализираат каде би сакале да бидат во иднина. Променете го начинот на којшто живеете и работите и конечно направете нешто корисно за себе.

ЈАРЕЦ – 12 јануари

На 12 јануари Јарците ќе добијат многу силен удар и ќе се чувствуваат како да ја носат целата тежина на светот на нивните рамена. Нема да можете да бидете среќни сè додека не направите некои промени. Време е да ги оставите минатото и поранешните зацртани цели зад себе затоа што во овој момент тие повеќе наликуваат на обврски. Ќе ви биде потребна храброст да расклопите сè што сте составиле за да можете да изградите нешто ново на тоа место.

ВОДОЛИЈА – 3 август

На овој ден Водолиите ќе бидете принудени да ја напуштат својата удобна зона, да бидат вистински присутни и цврсто да стојат на земја. Ќе ви треба повеќе време за да научите како да ги искажувате своите емоции. Време е да пробате да ги ќе успеете да се справите со тоа.

РИБИ – 12 јануари

На 12 јануари Рибите ќе имаат тежок ден затоа што ќе се чувствуваат осамено или одбиено. На овој ден можеби ќе ставите крај на некое пријателство или ќе имате проблем во вашето друштво. Можеби ќе се чувствувате како да не се вклопувате или како да не припаѓате таму. За да го надминете овој непријатен период, ценете ги пријателите што ќе останат покрај вас.

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....