3.8 C
Скопје
22:10 - 20 декември, 2024

Џенифер Анистон за својот 51. роденден ги почести обожавателите со жешки фотографии! (ФОТО)

Една од најславните жени и актерки во светот, Џенифер Анистон, вчера го прослави својот 51. роденден, а освен тоа што доби илјадници честитки од сите краеви на светот, доби исто толку комплименти за нејзиниот прекрасен изглед кој остава без зборови.

Џенифер пред некое време со својата драга колешка и пријателка, Сандра Булок (55), даде интервју за „Interview Magazine“, кој по повод нејзиниот роденден го објави тоа интервју, но во центарот на вниманието се најдоа снимените фотографии.

„Благодарам „Interview Magazine“ за ова роденденско изненадување. Немав поим дека ова денес ќе излезе. Се чувствувам гордо и почестено што можам да прославам и со оваа насловна страница. Благодарам на тимот од „Interview Magazine“ што ги слави жените во секоја доба. Изгледа дека бројката 51 е прилично интересна и забавна. Благодарам и до мојата сестра Сандра Булок што разговараше со мене за што и да сакавме. Многу те сакам“, напиша Џенифер на Инстаграм.

Фотографијата на која позира во црн фустан со необична форма и прецечен дел кај струкот, што го открива нејзиниот совршено рамен стомак, лицето со минимална шминка и онаа на која е облечена само во црни гаќички, кожна јакна и црни чизми, ги распамети нејзините обожаватели.

„Ти се шегуваш“, напиша Кортни Кокс (55) во коментарите под фотографијата.

„Вау! Ќе умрам“, додаде Хејли Бибер (23).

„Прекрасна си и одвнатре и однадвор“, напиша Дру Баримор (44).

„Секогаш оставаш без здив“, додала Рис Витерспун (43).

„Среќен роденден Џенифер, изгледаш прекрасно“, напиша Мараја Кери (49).

„Среќен ти роденден, прекрасна, магична жено“, се само некои од честитките кои ги доби од Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мараја Кери, Рис Витерспун, Дру Баримор, Хејли Бибер и други.

Во интервјуто кое сигурно ќе влезе во историјата, Џенифер и Сандра допреа бројни теми, помеѓу останатото и забавувањето со истиот фраер, актерот Тејт Донован (56), кој го запознале во 90-те на една забава после доделувањето на Златните глобуси.

Сандра дури и го нарече „нивното поранешно момче“, а разговарале и за плановите за иднината и желбите кои вклучуваат куќа на плажа исполнета со деца кои се смеат и трчаат.

Потсетуваме, Џенифер има два брака позади себе, а еве со кого се се забавуваше таа:

Instagram

Анистон се забавуваше со музичарот Адам Дурик (32), актерот Пол Рад (50) и беше верена со актерот Тејт Донован. Таа се венчаше со Бред Пит (56) на 29 јули 2020 година, на раскошна венчавка во Малибу, а на 7 јануари 2005 година Бред и Анистон се разведоа, откако тој ја запозна актерката Анџелина Џоли (44) на сетот од филмот „Mr. & Mrs. Smith“.

Џенифер официјално поднесе тужба за развод на 25 март 2005 годин, а беше финализиран на 2 октомври истата година.

Откако се разведоа, Анистон започна да се забавува со Винс Вон (49). Во август 2006 година, таа ги негираше озборувањата дека тие двајца се верени, но и раскинаа истата година. Од 2008 година до 2009 година кратко се дружеше со музичарот Џон Мејер (42).

Анистон ја започна врската со актерот Џастин Теруокс (48) во мај 2011 година. Следниот јануари купија куќа во населбата Бел Ер за приближно 22 милиони долари. Тие се верија на 10 август 2012 година, а се венчаа на 5 август 2015 година на својот имот. Се разведоа само 2 години подоцна, кон крајот на 2017 година.

View this post on Instagram

I can't explain how mutch I Love you guys

A post shared by Jennifer…Justin…Aniston (@jennifer.justin.theroux) on

Таа во својата кариера има освоено Златен глобус, Еми награди, „Peoples Choice Awards“, SAG награди, „Teen Choice Awards“ како и многу други.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....