2.8 C
Скопје
00:47 - 13 март, 2026

Дали машките бебиња навистина плачат со пониски тонови, а женските со повисоки?

Половите стереотипи кај бебињата почнуваат уште од 3 месеци кога мажите мислат дека го препознаваат полот на новороденчињата според нивниот плач, откриле истражувачите. Возрасните често криво претпоставуваат дека бебињата кои плачат со високи тонови се девојчиња, а тие со подлабоки се машки.

Истражувачите снимиле плач на 15 момчиња и 13 девојчиња кои во просек биле стари по 4 месеци. Синтетички ја измениле висината и ги оставиле сите други карактеристики на плачот како би биле сигурни дека ќе може да го проучат влијанието на самата висина и тон на гласот. Кога возрасните го знаат полот на бебето, донесуваат заклучоци за степенот на „мажественост“ или „женственост“ базирани на висината на плачот.

Резултатите покажале дека мажите нагаѓале дека машките бебиња се во поголема „невоља“ или неудобност отколку женските бебиња со истата висина на плач, што може да покажува дека овој вид на полови стереотипи е повеќе застапен кај мажите. „Истражувањето покажало дека сме склони кон тоа погрешно да им препишуваме работи што ги знаеме за возрасните не бебињата – дека мажите имаат пониска фрекфенција на гласот, поточно дека имаат подлабок глас од жените. Всушност висината на гласот помеѓу половите не се менува пред пубертетот“, напишал Николас Матхевон од Hunter College во истражувањето објавено во BMC Psychology.

Слични објави

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо
Се вчитува....