-2.2 C
Скопје
20:18 - 22 декември, 2024

Дали 8 Март полека но сигурно ја губи смислата?

Идејата за тоа Меѓународниот ден на жените да се одбележува се појавил кога жените вработени во текстилната индустрија во САД организирале демонстрации на 8 март, 1857 година, барајќи подобри работни услови и плати.

Демонстрациите продолжија во наредните години, а најмасовен протест е организиран во 1908 година, кога 15.000 жени се собраа во Њујорк барајќи пократко работно време, поголеми плати и право на глас.

Две години подоцна, одржана е и првата Меѓународна женска конференција во Копенхаген, каде, на предлог на германската револуционерка Клара Цеткин, овој ден е прогласен за Меѓународен ден на жените.

Фото: Профимедиа

Во наредните неколку години, многу жени ширум цела Европа ги продолжија демонстрациите на 8 март.

По Октомвриската револуција, по консултации со руската феминистка Александра Колонтаи, Ленин прифати Осми март да стане државен празник.

Обединетите нации во 1975 година и официјално го усвоија Осми март за меѓународен празник.

Во што се претвори прославата на Осми март денеска?

Како што ни покажува иторијата, идејата за прославата на Осми март се јавува поради остварување на правата на жените и подобрување на нивната положба во работата, науката и во многу други полиња.

Меѓутоа, се чини дека Осми март веќе со години наназад ја загуби политичката конотација и стана празник кој не потсетува дека сме им должни на своите мајки, баби и сопруги да ги израдуваме со некаков подарок или барем со цвеќе.

Купувањето на подароци стана обврска и за учениците, па така тие секоја година на своите наставнички им подаруваат букет цвекиња, парфеми и разни други „ситници“.

Прославата на Осми март стана парадокс. Децата во училиштата сами прават честитки за празници и родендени, а потоа на учителките им купуваат часовници, чанти или парфеми. Тажно е тоа што им даваме таков пример на нашите деца – вели Драгана Мојиќ, мајка на седумгодишно дете.

Од друга страна, социологот Ратко Божовиќ  смета дека прославата на Денот на жената со текот на годините станала „вештачка“.

Осми март е само симулација на женската рамноправност, тоа не им значи ништо на жените. Овој вештачки начин на одбележување на празникот ја поништува вредноста на тој ден. Денот на жената треба да се одбележува, но не на таков начин како што се одбележува сега, бидејќи со ова се деградираат способностите и самото значење на жените – вели овој социолог за Данас.рс.

Професорот Божовиќ додава и дека денеска не се остава многу простор за решавање на женските проблеми.

Жената треба да биде рамноправна со мажот секојдневно, а рамноправност не може да постои се додека за женските прашања и проблеми одлучуваат мажи – заклучи Божовиќ.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....