2.8 C
Скопје
16:41 - 22 декември, 2024

Човек кој на луѓето им ја враќа насмевката: Филип патува по светот и на сиромашните бесплатно им ги поправа забите!

Филип Роси е бразилски естетски стоматолог кој има 38 години и кој, покрај тоа што ја отвори хуманитарната организација „Por1sorriso“ во 2016 година, заедно со својот тим бесплатно им ги поправа забите на сиромашните луѓе ширум светот.

Овој бразилски стоматолог смета дека својот живот треба да го посвети на нешто што е добро за целата заедница.

Неговите обиди да ја исполни целта во својот живот го однесоа и надвор од Бразил, во главно во сиромашните земји, како што се Кенија и Мозамбик, каде на луѓето им помага да добијат нова насмевка и не ги наплаќа своите услуги.

Тери Ример, една од многуте пациентки на кои и помогнал овој стоматолог, ја сподели приказната за својот живот, пред да и биде направена операција на забите.

Ример за медиумите раскажа дека не можела да си направи пристојна фотографија, бидејќи сите ја предизвикувале да се насмее, а таа не можела.

Покрај естетските проблеми, пациентката имала и проблем со исхраната, бидејќи не можела да јаде секаква храна, а нејзината состојба со забите била толку лоша, што било потребно да и се отстранат сите заби и да и се вградат нови.

Операцијата поминала сложено, поради што биле потребни неколку месеци за таа да оздрави, живеејќи секој ден со големи болки.

Ример поминала низ вистински пекол, само за да може да води нормален живот, благодарение на Филип Роси.

Младиот стоматолог досега има помогнато на многу луѓе, а се надеваме дека ќе продолжи со својата неверојатно хумана работа, бидејќи на светот дефинитивно му се потребни луѓе како него.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....