15:40 - 2 април, 2026

БРУТАЛНА, УБАВА И СО КРВАВИ РАЦЕ: Како изгледал успехот и падот на Ла Катрина, една од најмоќните кралици на мексиканските картели?

Неодамна низ целиот свет се прошири веста за младата, но моќна смртоносна Марија Гвадалупе Лопез Есквивел (21), позната како Ла Катрина, шефица на еден од најмоќните мексикански наркокартели, која била убиена за време на масовно пукање, кога уште со седум членови од бандата ја нападнала војската, националната гарда и полицијата во државата Мичоакан.

Оваа 21-годишна девојка позната е и како „Дама на смртта“, а и покрај тоа што имала само 21 година, нејзиниот живот бил како од филм или книга. Нејзина муза во животот и била јунакот од романот на Артур Перез Реверте – „Кралица на југот“.

Таа била на чело на картелот Cártel de Jalisco Nueva Generación (CJNG) од мексиканската покраина Халиско, кој некогаш бил дел од моќниот картел Синалоа. Тие се толку моќни и добро организирани, што дури имаат сопствени продавници во кои членовите можат да научат како сами да прават пушки и пиштоли.

Марија потекнува од просечно мексиканско семејство, нејзиниот татко бил сточар, а мајка и домаќинка, а дури била и добар ученик додека не почнала да се дружи со локалните мафијаши.

Во еден момент таа целосно го загубила интересот за учење, а забавата, криминалот и наркотиците станале нејзина преокупација.

Во 2017 година таа станала дел од картелот CJNG, а набргу почнал и вртоглавиот успех на оваа криминална група, благодарение на нејзината бруталност и умешност.

Речиси и да нема фотографии на кои таа позира без оружје, а Марија командувала и во одредот на убијци во картелот.

Ла Катрина е само една од неколкуте „кралици на дроги“ во Мкеиско, кои своите раце ги вмешале во криминал и шверц со наркотици.

Иако нејзината мафија е навистина многу силна, сепак нејзиниот пад бил евидентен, по нападот на војската.

Покрај Ла Катрина, најзлогласни жени мафијаши уште се и Сандра Авила Белтран, позната како „Кралицата на пацификот“, како и шефицата на мексиканското подземје Мелиса Калдерон (35), односно Ла Чина, која својата мафијашка кариера ја почнала во 2005 година.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....