13.8 C
Скопје
17:13 - 22 март, 2026

Британската ријалити ѕвезда го смени личниот опис со пластичните операции! (ФОТО)

Шарлот Крозби е прославена британска ријалити ѕвезда, а беше и победничка на британскиот „Голем брат“. Телевизиската кариера ја започнала во 2011 година, а денес – 9 години подоцна оваа дама изгледа потполно поинаку.

Таа во потполност го променила својот физички изглед, па овие денови токму тоа ги заинтригира Британците, дури и повеќе од фактот дека е многу блиску до победа во планетарно популарното ријалити “I’m a Celebrity … Get Me Out of Here”.

Оваа 29-годишна девојка денес подлегна под низ естетски корекции, а тоа никогаш не го криела, повеќе пати ги зголемувала усните, љубителка е на ботоксот кој го користи за нејзината кожа да изгледа мазно и младо, а во 2016 година го оперирала и носот.

Истата година им рекла на медиумите дека корекциите ѝ биле неопходни, бидејќи се гледала себе си на телевизија и тоа ја правело несигурна.

„Да не бев на тв, никогаш не би го оперирала носот. Но, тоа кај мене предизвика недостаток на самодоверба“, признала таа.

Profimedia

 

Потоа во 2017 година таа ги корегирала градите и тоа, бидејќи тешко се носела со коментарите на сметка истита на друштвените мрежи. Сепак, во 2019 ги извадила имплантите после болки во градите.

Profimedia

 

Исто така, Шарлот предходните години често осцилирала со килограмите, но веќе подолго време е фит, а издала и две книги за вежбање и здрава исхрана.

Неодамна на Твитер започна и полемизирање околу нејзината трансформација, а мнозинството се шокирани со промената на славната Британка, која на Инстаграм ја следат повеќе од 7 милиони луѓе.

View this post on Instagram

Hello baby ?

A post shared by Charlotte Letitia Crosby (@charlottegshore) on

„Не е ни чудо што Шарлот се плаши од банџи. Нејзините филери и ботокс може да се растурат додека паѓа“, „Оваа жена има потполно ново лице во однос на 2013“, се само некои од коментарите.

Слични објави

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....