9.8 C
Скопје
13:24 - 1 април, 2026

Бившата жена на Роман Абрамович се мажи за грчки милијардер: Елитните гости ќе се соберат во луксузниот ски-центар

Дарија Жукова (38), поранешната сопруга на Роман Абрамовиќ, викендов се мажи за богатиот грчки наследник Ставрос Ниаркос.

Елитната венчавка ќе се одржи во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц.

Русинката судбоносното „да“ ќе го изговори пред 300 гости од светот на шоу-бизнисот, спортот, културата и политиката.

Свадбата ќе се одржи во простран шатор во кој можат да се сместат 300 луѓе, а сите гости ќе бидат сместени во луксузен хотел недалеку од шаторот.

Profimedia

Даша Жукова пред три години се разведе од Роман Абрамовиќ со кого има две деца. Во брак биле десет години, а петнаесет години помладата Дарија, ќерка на руски магнат, му била трета сопруга на Абрамовиќ.

Дарија и Ставрос се познаваат неколку години и прво биле пријатели, а потоа нивното пријателство прераснало во врска.

Ставрос потекнува од богато грчко семејство на грчки бродоградители, а само уметничката збирка на неговиот татко се проценува на преку две милијарди долари.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....