11:34 - 2 април, 2026

Бела Хадид ништо не остави на фантазијата: Без пардон прошета во проѕирен фустан и го украде шоуто во Париз (ФОТО)

Познатата манекенка Бела Хадид, која е прогласена за најубава жена во светот, на престижната Модна недела во Париз сите ги воодушеви, но истовремено и ги изненади со својот изглед.

За ревијата на Вивиен Вествуд, дизајнерот Андреас Кронталер ја дизајнираше деветтата колекција за оваа модна куќа, инспирирана од истерување на негативната енргија.

Бела Хадид се појави во две креации.

Прво прошета во бел фустан од чипка, а под чипката не носеше градник. Дизајнерот на фустанот додал и кожен кашиш и меч.

 

Profimedia

Бела гордо прошета по модната писта, а сите погледи беа вперени во неа.

Иако креацијата е вредна за пофалба, се чини дека сепак манекенката го привлече вниманието на медиумите со провокативниот фустан што го носеше. Таа професионално ја изнесе креацијата, гордо прошета по пистата, а без сомнение оваа глетка на многумина им измами воздишки.

Profimedia

Потоа се појави во црн кожен фустан со длабоко деколте и широки панталони. Покрај црните чизми, носеше ѓердан од лук.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....