2.8 C
Скопје
23:41 - 11 март, 2026

5 интересни приказни што не сме ги слушнале на часовите по историја: Цезар го киднапирале пирати, а тој ги довел до лудило

Од кинескиот цар кој го нервирал својот народ со шеги преку телефон, до денот кога Цезар бил киднапиран и ги довел грабнувачите до лудило – за многу интересни и забавни анегдоти во историјата на светот немаше место во учебниците по историја.

Следниве пет дена можете да прочитате пет интересни случки за кои можеби не сте знаеле.

Цезар го киднапирале пирати, а тој ги довел до лудило

Кога имал 25 години, додека патувал на Родос, Јулие Цезар го заробиле пирати кои не биле свесни колку важен човек е меѓу нив. Тие барале пари за негов откуп, а Цезар само се насмевнал и им предложил да бараат повеќе од дупло од сумата на која ја процениле неговата вредност.

За време на заробеништвото тој одбивал да се однесува како заробеник – им наредувал, им викал да се смират кога сакал да спие, ги терал да ги слушаат песните и говорите што ги составувал, ги предупредувал дека ќе ги распне на крст.

Пиратите мислеле дека заробиле човек кој се пореметил во умот, а 38 дена подоцна добиле пари за откуп и Цезар бил ослободен.

Но Цезар си останал на зборот – брзо се вратил на истото место и го одржал своето ветување – сите ги распнал.

Profimedia

Продолжува

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо
Се вчитува....