7.8 C
Скопје
05:38 - 18 март, 2026

СЕ ПРЕПРАВАЛ ДЕКА РАБОТИ: Советник си се јавувал сам на себеси за да изгледа „зафатен“

За да ги избегне секојдневните работни обврски, оставајќи впечаток дека е многу зафатен, шведски даночен советник си се јавувал од неговиот службен телефон на неговиот приватен мобилен телефон 55 часа, додека неговите претпоставени не го открија.

„Наместо да прима телефонски повици, Андреас се јавувал на својот мобилен телефон, што резултираше со сигнал „зафатен“ во системот, така што дојдовните повици ги преземаше некој друг“, стои во дисциплинскиот извештај на шведската даночна администрација, добиен од АФП.

28-годишниот Швеѓанец, кому сега му се заканува отказ, од март до мај си се јавил самиот на себе дури 32 пати и „разговарал“ цели 55 часа, што е седум дена ефективна работа за два месеци, се наведува во извештајот на даночната управа.

Некои од овие повици понекогаш траеле со часови. Андреас бил вработен во даночната администрација од мај 2020 година, но поради пандемијата, работел од дома од јануари 2021 година.

Меѓутоа, во април, еден од неговите претпоставени забележал дека телефонирал невообичаено долго време во споредба со просечните потреби за работа.

Кога бил повикан на разговор со претпоставените, тој признал што направил, иако интерната истрага покажала дека истото го повторил уште четири пати по споменатиот разговор и кога шефовите го повикале на разговор во мај, тој одговорил дека неговата мотивација за работа била „екстремно ниско“.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....