3.8 C
Скопје
15:38 - 20 декември, 2024

Најбизарните и најстрашни љубовни приказни во историјата (ФОТО)

Колку е љубовта убава, толку е и слепа. Поради неа луѓето често правеле бесмислени работи, се воделе војни, се убивале и што уште не. Ова се некои од најстрашните и најбизарни љубовни барања и приказни во историјата.

Бизарните љубовни барања на Каролина Ламб

Каролина Ламб била писателка која имала љубовна афера со лорд Бајрон. За денот на вљубените таа побарала необичен подарок од нејзиниот љубовник – неговите срамни влакна. Таа наводно му испратила писмо со нејзините срамни влакна, а за возврат истото го очекувала и од него.

This image has an empty alt attribute; its file name is capture-2.jpg

Набрзо по нивната разделба таа му испратила друго бизарно писмо во кое му пишувала дека се пресекла и дека му советува да на ги држи ножиците како што ги држела таа, за да не се повреди. На ова писмо не добила одговор.

Внимателно со подароците за кралот Хенри VIII

Луѓето кои се во врска сакаат да си подаруваат убави подароци. Сепак, некои подароци можат понекогаш да го навредат оној на кого му се упатени, како што бил случајот со англискиот крал Хенри VIII. Тој бил сестран човек, сакал едрење, јавање, лов, тенис, па не било тешко да му се одбере подарок, како на пример пушка, рекет или ново едро.
Меѓутоа, ако не сте познавач на спортот, би можеле на „наводниот композитор на фолк песни“ да му подарите инструмент, така барем размислувале неговите жени.
За жал, кога тоа се случило, кралот се налутил и им ги отсекол главите. Да знаеле, ќе му поклонеле седло.

This image has an empty alt attribute; its file name is instagram-1024x719.jpg

Ана Ивановна и костимите како кокошки

Ана Ивановна била руска царица од 1730 година, ќерка на царот Иван V и внука на Петар Велики. Откако нејзиниот чичко му ја преземал власта на татко ѝ, првиот период од животот го поминала како не особено важна принцеза на неговиот двор. По успехот во војната против Полска во 1710 година, Русија остварила надмоќ на територијата на Литванија, Летонија и Естонија, со која управувал младиот неженет војвода Фридрик Вилим. За да ја ја зацврсти нестабилната власт, тој го прифатил предлогот на Петар Велики да се ожени со Ана. Една година подоцна, по враќањето во својата земја, војводата се разболел и умрел. Ана решила дека нема да жали поради тоа, па почнала да изнаоѓа необични начини на забава. Таа го натерала нејзиниот слуга да се ожени за нејзината постара слугинка и да ја поминат првата брачна ноќ во замрзната палата. Позната била и по тоа што ги терала слугите да се облекуваат како кокошки и да глумат дека несат јајца.

Џон Раскин и неговата запрепастеност од женско тело

Овој уметнички критичар од 19 век за време на неговата прва брачна ноќ бил толку запрепастен од тоа што неговата жена имала срамни влакна, па побарал да го одложат консумирањето на бракот за шест години.

Нерон и кастрацијата

Римскиот император бил одличен војсководец, но грозен маж. Неговата бремена сопруга ја убил скокајќи ѝ врз стомакот, а потоа жалел по неа носејќи маска на лицето. На крајот кастрирал еден од неговите робови зашто му личел на убиената сопруга.

Слични објави

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо
Се вчитува....