1.8 C
Скопје
06:55 - 4 октомври, 2026

АСОЦИЈАЦИИ СО ИРЕНА СПИРОВСКА: Кој умее да препознае убавина и таму каде што другите не ја гледаат, тој има убава душа!

Познатата водителка Ирена Спировска скоро 30 години ја гледаме на телевизиските екрани. Почетоците на нејзината телевизиска кариера беа во Македонската радиотелевизија, ја помниме и како бинго-девојка, а сега ја води емисијата „Везилка“ на Алфа со Благоја Грујовски и Адријана Алачки. Со Ирена ја отвораме нашата нова рубрика Асоцијации.

А – Алпи, затоа што сум вљубена во планините.

Б – Бисери, тие се најотмениот дамски моден додаток.

В – Весник, поради убавото чувство кога го прелистувам додека пијам кафе.

Г – Гамашни, дел од планинарска опрема што е задолжителен во зима кога има снег, се носи на нозете и спречува снегот да влезе во чевлите.

Д – Добрина, највредна карактеристика која може да ја поседува човекот.

Ѓ – Ѓезве, утрото не може да започне без кафе, а ни без ѓезве.

Е – Елен, бидејќи е најелегантно животно.

Ж – Живот, најдобриот учител на човекот.

З – Зорица, името на мојата мајка и на мојата ќерка.

Ѕ – Ѕуница, едно од ретките нешта на кое сите подеднакво му се радуваме и восхитуваме без разлика на возраста што ја имаме.

И – Ирис, го сакам ова цвеќе поради неговата елеганција и нежност.

Ј – Јаболко, заради неговиот прекрасен изглед, мирис и вкус.

К – Ксмет. Роди ме мајко со к’смет, фрли ме на буниште! Најголема вистина!

Л – Лешок, родното село на татко ми, мое омилено место за одмор и релаксација.

Љ – Љуботен, мојот омилен врв на Шара, а воедно и врв на кој сум била најмногу пати.

М – Мусала, најисокиот врв на Балканот и највисокиот врв на кој сум се искачила (2.925 мнв ). Секако и М како Македонија, затоа што е преубава!

Н – Наравоучение, затоа што го има буквално во сè и треба да го бараме секаде.

Њ – Њоки, моите омилени италијански тестенини.

О – Обетки, мојот најомилен моден додаток, ги имам стотина, носам обетки буквално во секоја пригода, дури и кога сум на планина.

П – Патувања, ми недостигаат последниве години. Pатувањата се доживувања кои ни го облагородуваат животот.

Р – Радост, треба да умееме да наоѓаме радост во сè што правиме, тоа е според мене формула за успех и среќа.

С – Сонцe. Зависник сум од сонце, го сакам летото и високите температури, најдобро функционирам на соларна енергија.

Т – Триглав, првиот највисок врв што го имам искачено во 1996 година. Врв поради кој се вљубува во планинарењето.

Ќ – Ќеиф, ги сакам архаичните зборови и со ќеиф ги користам при говорењето.

У – Убавина. Оној кој умее да препознае убавина и таму каде што другите не гледаат, тој има убава душа!

Ф – Фустан, отсекогаш многу сум сакала долги фустани, во долг фустан жената изгледа најженствено.

Х – Хуманост, без оваа карактеристика не заслужуваме да се нарекуваме луѓе!

Ц – Цвркот. Цвркот на птиците кога сум во природа…

Ч – Чанта, чевли, колку и да ги имаме ние жените, никогаш не ни се доволно.

Џ – Џамлии, ме потсетуваат на детството.

Ш – Шара, мојата омилена планина, прекрасна во секој период од годината.

 

 

Слични објави

(Фото) Српски таблоид ја „погреба“ Биља Крстиќ, таа потресена се огласи: „Жива сум, срам да ви е!“

Еспресо

Игор Којиќ се жени за згодната Хрватка – во тајност се спрема голема прослава

Еспресо

(Фото) Прооде ќерката на Александра Пријовиќ: Малата Арија храбро чекори, гордата баба сподели фотографии од дома

Еспресо

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо
Се вчитува....