18:17 - 15 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Овој ќе биде најстудениот ден од седмицата!

– Како што најавивме, особено утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и тоа под влијание на влажен и студен воздушен бран од север, во најголем дел од државава ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Поради наглото заладување и тоа утре кон крајот на денот и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места, и тоа особено во западните предели кадеќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Ќе започне да дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, меѓутоа навечер брзо ќе започнат да опаѓаат.

Во вторник ќе биде значително постудено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат и до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Според Попоски, веќе од среда па натаму ќе имаме претежно стабилно и суво време со ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот. И во Скопскиот регион особено утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник ќе има врнежи од дожд и од снег. Ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец. Во вторник локално сеуште ќе има услови за сосема слабо провејување на снег, додека од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво со ПОРАСТ на температурите на воздухот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.
Се вчитува....