11:20 - 12 април, 2026

Попова Шапка во снежна покривка, Попоски најавува: Ќе паѓа уште снег попладнево, во текот на ноќта и утре!

Конечно снег! Попова Шапка денес се разбуди во снежна покривка. Но снег уште ќе паѓа.

-Врнежи од снег на Попова Шапка ќе има и попладнево, во текот на ноќта и во утрешниот ден – нè известува метеопрогнозерот Славчо Попоски кој уште вчера ја најави точната снежна прогноза.

„На планинските места, односно на скијачките центри ќе се формира снежна покривка од над 10 цм, а на повисоките планински места истата ќе биде со висина од над 20 цм“ прогнозираше вчера Попоски.

Тој додава дека во Скопје и околината се очекуваат пак, врнежи од дожд и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, а и воздухот ќе биде значително постуден.

– Денес навечер како и во среда и четврток провејување на снег локално ќе има и на пониските места (во градовите) – додава Попоски.

Насловна фотографија – Тетовоинфо.мк

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Новата колекција на „Прагма“ е сè што ви треба за да заблескате

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо
Се вчитува....