11:48 - 2 април, 2026

ОВАА ФОТОГРАФИЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Девојче од Газа извлечено од урнатини по жесток ракетен напад

Шестгодишната Сузи Ешкунтана се разбуди во најголемата болница во Газа, каде ја однесоа спасувачите кои ја извлекоа од урнатините на нејзиниот дом, кој беше уништен од израелскиот воздушен напад, во кој загинаа нејзината мајка и сите четири нејзини браќа и сестри, објави Ројтерс.

Младото девојче беше заробено седум часа под остатоците од зградата во која живееше. Откако беше спасено беше однесена во болницата во Шифа каде се лекува и нејзиниот татко.

Погледнете ја фотографијата:

Домот на палестинското семејство беше погоден во израелските воздушни напади рано во неделата врз градот Газа. Во тој напад загинаа 42 лица, вклучително и 10 деца, а бројот на жртвите по еднонеделното бомбардирање на Газа достигна 192 загинати.

 

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....