8.8 C
Скопје
16:26 - 17 ноември, 2024

ОРГАЗАМ – БЕСПЛАТЕН ЛЕК ПРОТИВ БРОЈНИ ЗАБОЛУВАЊА: Ова се 11. здравствени придобивки од сексуалниот „климакс“ за кои не ви треба лекарски рецепт!

Без разлика дали станува збор за оргазам предизвикан од односи со партнер/ка, или ако стигнете до него преку чин на самозадоволување, оргазмот е природен, бесплатен и забавен лек против многу заболувања, вклучувајќи ја и депресијата.

Прочитајте ги сите негови добри страни.

ОСЛОБОДУВА ОД СТРЕС

Со оргазамот се ослободува окситоцин, хормон способен да го намали нивото на кортизол, хормон поврзан со стресот. Но, прави и цела друга серија на многу корисни работи. На пример, го намалува нивото на шеќер во крвта и го отстранува ризикот од развој на отпорност на инсулин, а со тоа и на дијабетес тип 2.

Исто така, овој ензим има смирувачки ефект врз мускулите и поттикнува релаксација. Во основа, оргазмот е природен, бесплатен и забавен лек против главоболки или стомачни болки добиени од стрес.

ПОТТИКНУВА ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

При оргазам се ослободува ендорфин, група на супстанции произведени од мозокот кои влегуваат во крвотокот, на пример, и кога спортувате. Но, секако дека не е позабавно да трчате! Овие невротрансмитери имаат својства за ублажување на болката слични на оние на активните состојки во некои лекови. А за оргазам не ви е потребен препишан рецепт.

Ендорфинот дејствува особено на ниво на нервниот систем и затоа го зголемува прагот на толеранција. Ваквите супстанции произведени во мозокот се нарекуваат и „хормони за добро расположение“ затоа што будат чувство на ентузијазам.

СЕ ЧУВСТВУВАТЕ – УБАВО!

Не, сериозно. Навистина е убаво тоа чувство и вашиот мозок го потврдува тоа. Го стимулира ослободувањето на допамин, невротрансмитер произведен од мозокот и надбубрежните жлезди. Близок роднина на адреналинот, тој се нарекува и „хормон на еуфорија“: токму тој го пренесува чувството на задоволство. Не станува збор само за оргазам, туку и за многу други активности како музика или храна и, воопшто, се што изгледа дека ги задоволува нашите желби. Затоа понекогаш се „фрлате“ на пица или чоколадо, а всушност сакате да се фрлите на нешто друго.

ЈА ПОБЕДУВА НЕСОНИЦАТА

Комбинацијата на окситоцин, допамин и ендорфин помага во регулирање на деноноќниот ритам, односно на спиењето и будноста и предизвикува поспаност. Значи, одлична замена е за мелатонинот.

ПОЗИТИВНО ВЛИЈАЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО

Се разбира, ако имате проблеми со срцето, не треба да го ставате под никаков притисок со кој не може да се справи. Но, исто така е точно дека никој не побарал од вас да трчате маратон или да соборите рекорд. Запомнете дека во овој случај, кој и да е прв не е и победник. Затоа впуштете се во играта мирно и без брзање, зашто и самите прегратки и бакнежи, а не само самиот оргазам, помагаат да се контролира хипертензијата. А бидејќи таа е фактор на ризик за мозочен и срцев удар, би размислиле добро пред да ја игнорирате оваа придобивка од оргазмот. Зголемувањето на отчукувањата на срцето го зајакнува и срцето, а според истражувањата, кај мажите го намалува кардиоваскуларниот ризик за дури 45%.

ЈА ПОДОБРУВА МЕМОРИЈАТА

Не е познато какви навики имале Алберт Ајнштајн или Леонардо Да Винчи, но оргазмот – докажано – му дава дополнителен поттик на вашиот мозок. Кај жените, на пример, тоа би го стимулирало производството на нови неврони во хипокампусот и затоа ја подобрува меморијата. Значи, ако не се ни сеќавате што сте јаделе минатата ноќ, знаете што сте пропуштиле!

ЈА ПОДОБРУВА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА

Високото ниво на допамин е исто така поврзано со подобра способност за концентрирање и поголема брзина во учењето. Се разбира, можете да ги добиете овие придобивки и со вежбање во теретана. Но, нели е поинтересно, во кревет.

ЈА ЗГОЛЕМУВА САМОДОВЕРБАТА

Повеќе си се допаѓаш себеси, се чувствуваш поубаво. И навистина, така е. Ослободените естрогени ја прават вашата кожа посветла и поеластична, а пред сè тие се спротивставуваат на појавата на брчки и други несовршености на кожата. Не само тоа, туку верувале или не, ова е најдобриот начин да се запознаете себе си, да дозволите некој друг добро да ве запознае, и за возврат, и вие да запознаете некого.

КОЛКУ ПОВЕЌЕ ПРАКТИКУВАТЕ, СЕ ПОДОБАР Е!

Тренингот е важен, секогаш. Со чести сексуални односи се избегнува ризикот од еректилна дисфункција кај мажите и се зголемуваат шансите за постигнување оргазам кај жените.

Понатаму, ослободувањето на тестостерон и естроген го отстрануваат ризикот од остеопороза, депресија и деменција.

ГО ЗГОЛЕМУВА ИМУНИТЕТОТ

Не, тоа не е затоа што доаѓате во контакт со цела низа телесни течности кои ако не ве „убијат“ ве прават посилни. Причината е што нивото на имуноглобулини, односно антитела во крвта се зголемува. Поточно, расте за една третина од нормата. Тогаш, не се жалете ако постојано сте болни!

ПОМАГА ВО СЛАБЕЕЊЕ

Физичката активност секогаш помага да изгубите неколку килограми вишок и да согорите калории. И ако е забавно, го правите тоа почесто и помалку се жртвувате. Значи, ако сте скарани со диетата,  можеби би можеле да употребите друга стратегија на патот на вашето слабеење. Можеби нема да го поправи целулитот, но во тој момент нема ни да ви падне на памет на целулитот!

 

Слични објави

(Видео) Лепа Брена се „скрши“ на концерот во родниот град: Пејачката во солзи, ѝ носеа вода, а брзата помош беше на готовност

Еспресо

(Видео) Српската пејачка шокирана: Богат шеик ѝ приредил изненадување на концертот на Цеца во Дубаи!

Еспресо

(Видео) Познатиот босански актер доживеал драма, завршил во полиција во Австрија

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Овните ќе имаат интригантна љубовна ситуација, Скорпиите да внимаваат на некои документи

Еспресо

(Видео) „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ

Еспресо

Ќе се шокирате кога ќе дознаете што е Дарко Лазиќ по професија

Еспресо
Се вчитува....