13:41 - 2 април, 2026

Опааа! Еве како изгледа велосипедот со потпис на Луј Витон

Цената е „за џабе“ за оние со длабок џеб

Квалитетот на рачно изработени француски предмети во комбинација со париски шик отсекогаш бил камен -темелник на дизајнот на модната куќа Луј Витон. Затоа, не е изненадувачки што овој луксузен бренд, во соработка со париските мајстори од Меисон Тамботи, лансираше ограничена серија брендирани велосипеди.

Велосипедите се симбол на француската изработка и парискиот шик, објасни претставништвото на Луј Витон и им понуди на заинтересираните трендсетери две варијанти на велосипеди – специјалки со рамна шипка и модел на со вградена корпа однапред.

Велосипедот Луј Витон е покриен со препознатлив LV монограм. Секое парче велосипед е рачно изработено и составено во Париз во работилницата на култната компанија Mеисон Тамботи, каде што се произведуваат металните миленичиња на две тркала повеќе од 100 години.

Велосипедот Луј Витон има стабилна и внимателно изградена рамка, удобно кожно седиште и уникатни држачи за багаж. Достапно е во ограничена серија и пет различни бои – светло жолта, црвена, сина, кафена и црна.

Цена? Мала „ситница“ од 28.900 до 33.000 американски долари што можат да си ја дозволат само оние со најдлабоки џебови. За понатамошна промоција на новата ограничена колекција на велосипеди, направено е видео во режија на Пол Херман, кое оддава почит на главниот град на Франција, и кое покажува дека Париз навистина е најлесно и најубаво да се разгледа на две тркала.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....