8.8 C
Скопје
04:11 - 19 март, 2024

Онлајн средби: Најдобри сајтови за запознавање и дружење за луѓе над 50 години

50-годишниците денес не само што не се откажуваат од љубовта, туку и сами ја бараат. Ако до пред некое време повеќето мислеа дека сајтовите за средби се резервирани за помладите луѓе, сега е јасно дека во реалноста тоа воопшто не е така.

Според новото истражување, во еден случај од три, Интернет-средбите завршуваат со средба во „живо“ и со сексуални односи, додека во еден случај од седум, „дигиталната искра“ се претвора во стабилна врска.

Онлајн – средбите меѓу лица кои се постари од 50-години стануваат сè почести. Тоа потврдува дека не важи повеќе клишето дека ако сте поминале 50-години од животот сами, веќе не можете да најдете партнер и да доживеете вистинска љубов. Напротив.

На Интернет има неколку многу популарни сајтови за запознавање, разговори и средби наменети за лица над 50 години на ки се сретнуваат личности со слични интереси од целиот свет. Како функционираат овие сајтови? Исто како и оние кои се наменети за младите. Треба да креирате свој профил, да создадете круг на пријатели со кои можете да разговарате и разменувате било каква  порака, и да направите избор дали сакате и со кого да организирате состанок „во живо“. Користењето на овие апликации е многу едноставно, па така, без посебни тешкотии може да ги употребуваат и личностите кои не се разбираат многу во дигиталните технологии.

Еве ја листата на најдобрите Интернет-страници за средби и за дружење на луѓе над 50 години.

EliteSingle е една од најдобрите алтернативи за луѓето кои се постари од 50.години, да си најдат љубов. Порталот е дизајниран за секого – не само за страсни средби, туку и за пријателски разговори. Функционира на многу едноставен начин. Мотото на страницата е: најдете ја вашата сродна душа за осум минути.

Match е сајт кој е за поширока публика, не е наменет само за оние кои имаат над 50.години, туку и за помладите. Откако ќе влезете во порталотот, ќе ви бидат поставени низа прашања на кои искрено треба да одговорите, а вашите одговори ќе ви обезбедат листа на луѓе со кои би можеле да започнете љубовна врска. Употребата на страницата е бесплатна.

Пријавувањето на eHarmony е многу лесно и бесплатно. Порталот се заснова на интересите што ги запишувате, потоа сугерира список на луѓе кои би можеле да бидат слични на вас. Штом ќе се зачлените може да пребарувате низ различните профили со кои можете да започнете разговор.

Singles50 е платформа која нуди решенија за сите типови врски, без оглед дали барате долгорочна врска или забава за неколку часа. Откако ќе се регистрирате, ќе биде лесно да ги преземете првите чекори со контактирање на други корисници и запознавање на луѓе кои имаат слични афинитети на вашите. Бесплатната употреба вклучува регистрација, креирање на ваш профил, тест на личност и можност за поставување на ваша фотографија. Пораките меѓу корисниците можат да бидат максимум со 4.000 карактери. Дополнително, може да се претплатите на „Премиум“, каде е дозволено да постирате и повеќе ваши фотографии и се нуди неограничено испраќање и примање на пораки.

OurTime е Интернет- страница сосема поразлична од другите на оваа листа. За почеток мора да одговорите на вообичаениот квиз, за „виртуелната секретарка“ да разбере кои други корисници би можеле да ги сакаат вашите афинитети, односно вашиот креиран профил. Сајтот е дизајниран да спојува луѓе не само од иста возраст, туку и им предлага на оние над 50 години со кои помлади луѓе би можеле да се запознаат. На страницата се организираат низа настани во кои корисниците можат да учествуваат за да се запознаат „во живо“ или едноставно да поминат еден забавен и различен ден.

Слични објави

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva

(Фото) Популарниот диџеј Дејвид Гета третпат стана татко: „Сијан, добредојде“

еспресо

(Фото) Прва фотографија од Амиџиќ со синот: Мина „улови“ емотивен момент, Огњен го држи Перун на градите

Еспресо
Се вчитува....